Спорт
Страшна глума на „рукито“ на Хјустон, наседнаа и судиите!

Шарлот Хорнетс синоќа со 119-94 го совлада Хјустон Рокетс во израмнет меч сè до последната чевртина кога домашните кошаркари направија +22 и ги решија дилемите за победникот.
Одличен на мечот беше Ламело Бол, кој постигна 24 поени со 7 скока и 10 асистенции. Сепак, наградата play of the day оди за неговиот тренер Џејмс Борега, кој ја препозна страшната глума на „рукито“ на Хјустон, Мејсон Џонс.
Пред крајот на мечот младиот играч театрално одглуми прекршок за тројка, а судиите наседнаа на тоа. Џонс шутна за 3 поени, промаши, а кога покрај него помина играчот на Шарлот, се фрли на паркетот.
Судиите досудија фаул, но целата ситуација му беше сомнителна на тренерот на Шарлот, па реши да искористи challenge и судиите дополнително ја проверија ситуацијата.
Кога видоа за што станува збор, ја променија одлуката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Барнли му откина поени на Лестер, Астон вила шокирана во Шефилд

Лестер имаа среќа што на голот го имаа расположениот Каспер Шмахјел за да извлечат 1:1 реми со Барнли, додека „фенерџијата“ Шефилд јунајтед со 1:0 ја совлада Астон вила, тим кој има огромни проблеми со повреди.
Матеј Видра ги донесе Барнли во водство по само четири минути игра на „Турф мур“, пред Келечи Ихеаначо да израмни во 34. минута од мечот. „Лисиците“ имаа повеќе од играта, но најдобрите шанси ги имаа домаќините, за на крајот да остане 1:1. Лестер се израмнија со бројот на поени со второпласираниот Манчестер јунајтед, но сега имаат натпревар повеќе, додека Барнли се 15. со 29 поени, шест над зоната за испаѓање.
Шефилд јунајтед, убедливо последнопласираниот тим во Премиер лигата, ја забележа само четвртата победа оваа сезона, откако со голот на Дејвид Мекголдрик, по што издржаа цело второ полувреме со играч помалку. Со победата, Шефилд имаат 14 поени, односно се 12 поени од безбедната зона.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 29.КОЛО
Барнли – Лестер 1:1
Шефилд јунајтед – Астон вила 1:0
Спорт
Џејмс Бонд и Том Брејди го претставија новиот Астон Мартин кој ќе го вози Фетел

Астон Мартин, поранешниот тим на Рејсинг поинт (а претходно Форс Индија), го објави болидот со кој четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел ќе се обиде да го „крене“ уште повисоко заедно со синот на газдата Ленс Строл во 2021 година.
Ова е прв болид кој го носи името на славниот британски производител по шест децении, односно наследник на ДБР5 болидот, кој го носеше името на тогашниот сопственик Дејвид Браун. Новиот болид има кодно име АМР21 (Астон Мартин Рејсинг 2021).
Посебни гости на презентацијата беа Џејмс Бонд (односно актерот Даниел Крег) и НФЛ легендата, Том Брејди, кој неодамна по шести пат го освои Супер болот.
It wouldn’t be an @AstonMartinF1 launch without James Bond… right? 😉 #AMR21 #IAMF1 pic.twitter.com/QwDfXSKIsg
— Aston Martin Cognizant F1 Team (@AstonMartinF1) March 3, 2021
Thank you for joining us on this incredible journey. We’re just getting started… #AMR21 #IAMF1
Discover more ➡️ https://t.co/z3o7E5exWM pic.twitter.com/KD359otEZh
— Aston Martin Cognizant F1 Team (@AstonMartinF1) March 3, 2021
Спорт
Ракитиќ: Жално е ова што се случува во Барселона

Фудбалскиот клуб Барселона под водство на поранешниот претседател Жосеп Мариа Бартомеу е оштетен за износ помеѓу 843.000 и 1.200.000 евра преплатувајќи ги услугите на компанијата за следење на друштвените мрежи, објавија дел од шпанските медиуми.
Барселона од 2017 до 2020 година исплатила 2,3 милиони евра на групацијата „NiceStram“ под која се наоѓа компанијата „I3Ventures“ ангажирана за следење на социјалните мрежи.
Полицијата завчера упадна во клупските простории на „Ноу Камп“ за да ги испитаат подробностите, по што следуваше апсење на екс-претседателот Бартомеу и шефот на неговиот кабинет, Жаиме Масферер.
Поранешниот хрватски репрезентативец, Иван Ракитиќ рече дека е жално да се гледа што се случува во неговиот поранешен клуб (сега повторно тој е дел од Севилја).
„Жално е да се гледаат и слушаат тие работи. Сите кои ја носиме Барселона и тој град во срцето сакаме тоа што побрзо да се заврши и луѓето да можат да уживаат во Барса како и досега“ рече 32-годишниот Ракитиќ во разговор за „Радио Марка“.
Хрватот беше член на тимот од „Ноу Камп“ од 2014 до 2020 година.
„Јас секогаш сакам да кажам дека ние играчите сме само играчи. Тука сме за да играме фудбал. Во добро и во лошо – ние сме посветени на играта“ вели тој.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер