Спорт
Строг судија од Англија ќе и суди на Македонија во Тбилиси

Англискиот арбитар, Ентони Тејлор ќе биде делител на правдата на мечот што македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра задутре во Тбилиси, Грузија. Искусен судија кој суди во Премиерлигата ќе биде сведок на историја – и Грузија и Македонија се со шанса за првпат да обезбедат пласман на Европско првенство.
На Тејлор во Тбилиси, на зелениот терен ќе му помагаат неговите сонародници Гери Бесвик и Адам Нан, додека во ВАР собата ќе бидат Пол Тирни и Стјуарт Атвел.
Англискиот судија еднаш веќе ѝ судел на Македонија, и тоа во март 2015 година, кога нашата репрезентација загуби во Скопје од Белорусија со 2-1.
На Грузијците досега не им судел.
Ентони Тејлор минативе 40-тина дена во сите натпреварувања на кои ја делел правдата, на 9 меча досудил 10 пенали, а покажал 36 жолти картони, надополнети со еден црвен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Антони одбил трансфер во Комо

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Антони, ја одбил можноста да се пресели во Комо.
Антони, вториот дел од сезоната го мина на позајмица во Бетис. Успеа да се врати во форма по разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, му помогна на Бетис да дојде до шестото место во Примера и да игра финале во Конференциската лига.
Инсајдерот, Фабрицио Романо објави дека Антони сака да се врати во Бетис. И шпанскиот клуб има желба да го ангажира Антони, но нема пари да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед.
Планот на Бетис е да издејствува уште една позајмица, а договорот да го откупи по завршувањето на сезоната 2025/206.
Спорт
Дефанзивец на Наполи пред трансфер во Виљареал

Виљареал е уверен дека наскоро ќе го договори трансферот на дефанзивецот Рафа Марин. „Жолтата подморница“, која заврши на петтото место во Ла Лига оваа сезона и обезбеди место во Лигата на шампионите, долго време покажува интерес за шпанскиот централен бек, објавува „Туто Меркато“.
Клубот моментално е во преговори со Наполи, кој се обидува да ги врати 12-те милиони евра што ги потроши за играчот минатата година.
И покрај тоа што Наполи ја освои титулата во лигата, сезоната на Марин беше под очекувањата, бидејќи Антонио Конте не му даде речиси никаква шанса. Тој одигра вкупно само 139 минути во четири натпревари од Серија А.
Според Фабрицио Романо, Виљареал очекува трансферот да биде завршен следната недела. Планираниот договор вклучува позајмица од 1 милион евра со опција за откуп за 15 милиони евра и 10 проценти од наредната продажба.
Спорт
Куртоа сака кариерата да ја заврши во Реал

Голманот на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа, изјави дека сака да го продолжи договорот со „кралскиот клуб“.
Куртоа (33) има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2026 година. Белгискиот голман призна дека преговара со раководството на мадридскиот клуб во врска со продолжување на соработката.
„Би сакал да го продолжам договорот. Многу сум среќен во Реал Мадрид. На располагање сум на клубот, тие знаат дека сакам да останам тука… Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Сега е време да се докажам на теренот, а останатото лесно ќе го решиме“, изјави голманот на Реал Мадрид за „Диарио“.
Куртоа пристигна во Реал Мадрид во 2018 година од Челзи, досега настапил во 283 натпревари за мадридскиот клуб. Тој моментално игра со Реал Мадрид на Светското клупско првенство.