Спорт
Струга ТЛ ќе мора да игра на комплексот на ФФМ против Есперанж, тревникот на Арената ќе се реновира

Македонскиот првак Струга Трим Лум натпреварот од третото квалификациско коло во Конференциската лига против Есперанж од Луксембург ќе го игра на комплексот на ФФМ. Ова го наложува УЕФА поради лошата состојба на тревникот на арената „Тодор Проески“. На нашиот најголем стадион се играше мечот меѓу Шкупи и Левски, кога се увиде дека тревникот е во очајна состојба.
Одлуката е комплетно да се затвори арената до натпреварот меѓу Македонија и Италија, кој е закажан за 9. септември во Скопје. Тревникот повторно ќе мора да се освежува и да се репарира.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лука Дончиќ со трипл-дабл го почести „својот“ Далас

Лука Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше ЛА Лејкерс до победата на неговиот довчерашен тим Далас Маверикс 107:99.
Словенецот, кој го држи рекордот на Далас по вкупен број на трипл-дабл (89, од кои 10 во плеј-офот) и постигнати поени по сезона, доби шанса на дело да покаже колку им недостасува на Маверикс.
„Кошаркарскиот бизнис може да биде шокантен, а овој (потег) го потресе светот“. „Сепак, мора да продолжите понатаму… Ја заврши работата, играше на врвно ниво и мислам дека во тоа е добар“, изјави по натпреварот тренерот на Далас, Џејсон Кид.
Веќе на полувремето, кога Лука имаше 12 поени и скокови, седум асистенции и две поблокади и украдени топки, на крајот заврши со 19 поени, 15 скокови и 12 асистенции.
Најефикасен кај Езерџиите беше Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока, додека Остин Ривс постигна 20 поени.
На спротивната страна Кајри Ирвинг постигна 35 поени со седум скока, додека Клеј Томпсон постигна 22 поени и забележа 8 скока.
Ова беше трета победа на Лејкерси (35-21) во низа, како и втор последователен пораз на Маверикс.
Спорт
(Видео) Челси лесно со најлошиот тим во лигата, Палас ја декласира Астон Вила

Фудбалерите на Челзи убедливо го совладаа Саутемптон со 4:0 (3:0), во 27.коло во Премиер лигата.
Без сомнение, Челзи го забележа најлесниот триумф сезонава, против најслабиот тим во лигата.
Серијата на „Стемфорд Бриџ“ ја отвори Кристофер Нкунку во 24. минута, а по 12 минути Нето го удвои водството за сините.
На минута пред паузата Колвил зголеми на 3:0, а во вториот дел Марк Кукуреља стави точка на натпреварот во 78. минута.
Челзи повторно влезе во зоната на Лигата на шампионите и моментално е на четвртото место со 46 бодови.
Саутемптон останува убедливо последен со само девет бода.
Премиер лига, 27 коло:
Брајтон – Борнмут 2:1 (1:0)
/Педро 12, Велбек 75 – Клајверт 61/
Кристал Палас – Астон Вила 4:1 (1:0)
/Сар 29, 71, Матета 59, Нкетија 90+1 – Роџерс 52/
Вулверхемптон – Фулам 1:2 (1:1)
/Гомеш 18 – Сесењон 1, Муниз 47/
Спорт
(Видео) Голшиште на Арнутовиќ, Интер се пласира во полуфиналето на Купот

Интер се пласираше во полуфиналето на Купот на Италија, откако го совлада Лацио со 2-0 (1-0) на „Џузепе Меаца. „Нероаѕурите“ во полуфиналето ќе играат против градскиот ривал Милан.
Клучен момент за победата на Интер беше 39. минута. Тогаш австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ со прекрасен волеј му донесе водство на својот тим. Точка на мечот стави Хакан Чалханоглу од пенал на 15 минути до крајот на натпреварот. .
Интер игра одлично пред своите навивачи, нема пораз на претходните 16 натпревари, е победија на 13 од нив и три пати ремизираа. Лацио, пак, е елиминиран во четвртфиналето на Купот по петти пат во последните шест сезони
Во другото полуфинале ќе играат Болоња и победникот од дуелот Јувентус-Емполи.