Спорт
Суарез откри како бил избркан од Барселона

Првиот стрелец во Ла Лига, Луис Суарез, се присетил на последните денови во Барселона. Откако Барса, го прогласи за непожелен, Уругваецот, во финишот на преодниот рок се пресели во Атлетико. Засега неговиот трансфер на „Ванда Метрополитано“, претставува вистински погодок, Атлети се лидери во лигата, а тој е најдобар стрелец.
„Веднаш откако ме означија за непожелен започнаа преговорите со Атлетико. Сакав да ја донесам најдобрата одлука за мене и за моето семејство. Интерес покажуваа и други клубови, а не само Јувентус. Не можев да го поднесам начинот на кој се разделивме. Куман ми се јави и ми кажа дека не му требам во тимот“, рекол Суарез.
„Навистина ми беа тажни деновите кога ја напушти Барселона, но бргу ми стана јасно дека дојдов во клуб кој се бори за трофеи. Почувствував дека ме сакаат во тимот, ќе се обидам да им помогнам“.
Луис Суарез, сезонава, во сите натпреварувања одиграл 20 натпревари, 16 од нив во Ла Лига, на кои постигнал 14 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бил и Вестбрук го решија Денвер, Бруклин ја продолжија победничката серија

Шест натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Вашинготн славеа над Денвер, Јанис Адетокумбо ги предводеше Милвоки до победата над Њу Орлеанс, во чии редови блескаше Зајон Вилијамсон, Бруклин Нетс ја запишаа осмата победа по ред,а во дербито Филаделфија го победи Далас.
Вашингтон во драматичен меч победија во Денвер со 112:110 и ја забележаа седмата победа на последните осум натпревари. Деневер имаа два напади во последните секунди, но не успеаја да постигнат тројка за победа.
Бредли Бил со 33 поени го предводеше Вашингтон, Јапонецот Риу Хачимира забележа 20 поени, а Расел Вестбрук имаше трипл-дабл од 16 поени, 10 скока и 10 асистенции.
На спротивната страна Џамал Мареј беше најефикасен со 34 поени, а Никола Јокиќ забележа 24 поени, 11 скокови и седум асистенции.
Филалделфија беа убедливи против Далас Маверикс 111:97. Лидерот на Истокот го предводеше Џоел Ембид со 23 поени, девет скока и четири асистенции. Лука Дончиќ на спротивната страна реализираше 19 поени, три скока и четири асистенции.
Бруклин Нетс ја продолжија серијата победи. Осмата во таа серија ја забележаа против Орландо Меџик (129:92). Кајри Ирвинг со 27 и Џејмс Харедн со 20 беа најпрецизни кај Нетс, во чии редови се уште го нема Кевин Дурент. Кај Орландо се истакна Никола Вучевиќ со 28 поени и 12 скока.
Милвоки Бакс, во најефикасниот натпревар славеа над Њу Орлеанс со 129:125. Бакс ја запишаа четвртата победа во низа и сега имаат скор од 20 победи и 13 порази. Адетокумбо мечот го заврши со 38 поени и 10 скока, Крис Мидлтон постигна 31 поен. Најдобри кај Њу Орлеанс беа Вилијамсон со 34 поени и Брендон Инграм со 23.
Спорт
Динамо на Адеми и Ристовски го чека противникот во Лига Европа

Ждрепката за осмина-финалето во Лига Европа, ќе се одржи во петокот, во Нион, со почеток во 13 часот. На ждрепката нема да има носители, што значи дека се можни дуели меѓу фаворитите и тимовите од исти земји.
Македонскиот фудбал ќе има двајца репрезенти на денешната ждрепка, тоа се играчите на Динамо Загреб, Аријан Адеми и Стефан Ристовски. Динамо во двата натпревари го победи Краснодар.
Најмногу екипи во оваа фаза има Англија, три, по два тима имаат Италија, Шпанија и Украина
Молде, Виљареал, Арсенал, Глазгов Ренџерс, Ајакс, Гранада, Шахтјор Доњецк, Милан, Рома, Динамо Загреб, Олимпијакос, Манчестер Јунајтед, Динамо Киев, Славија Прага, Јанг Бојс, Тотенхем.
Осмина-финалните натпревари во Лига Европа на распоредот ќе бидат на 11 и 18.март.
Спорт
Не шутнаа ниту едно слободно – Реал го победија Жалгирис

Кошаркарите на Реал Мадрид го победија Жалгирис со 70:58 во Евролигата. Натпреварот ќе остане забележан во аналите бидејќи домашните играчи победија без изведено слободно фрлање.
Играчите на Жалгирис за 40 минути игра направија само 13 прекршоци. Домашниот тренер Пабло Ласо рекол дека никогаш во животот не видел натпревар во кој играчите на еден тим ниту еднаш не застанале на линијата за слободни фрлања.
По 26 коло, Реал со скор од 16 победи и 10 порази се наоѓаат на четвртото место, а Жалгирис се деветти со 14 победи и 12 порази.
Pablo Laso: “My players are asking me if I ever, in my career, saw a game where we didn’t go to the line one time” pic.twitter.com/k71Xc4d1me
— Alex Madrid (@TheAlexMadrid) February 25, 2021
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер