Спорт
Суарез со нови два гола, но Селта „извлече“ поен на „Ванда Метрополитано“

Барселона реши да го пушти Луис Суарез за „мали пари“ минатото лето, што може да се покаже како една од најголемите фудбалски грешки во 2020/21, откако уругвајскиот ветеран го постигна својот 15. и 16. гол во Ла лига оваа сезона за Атлетико Мадрид, но тоа не беше доволно за три поени, откако Селта со гол во 90-тата минута извлече 2:2 реми на „Ванда Метрополитано“.
Работите не почнаа најдобро за „јорганџиите“ – Санти Мина по само 13. минути ги донесе Селта во водство, пред на сцена да стапи Суарез. Тој прво во 45. минута израмни на 1:1, за само што почна второто полувреме да донесе 2:1 водство. Водството не успеаја да го заддржат, откако новото засилување на Селта, Аргентинецот Факундо Фереира во 90-тата минута се најде на вистинското место по лошата реакција на цела одбрана на домаќините.
Со поенот, Атлетико се одвои на 8 поени пред Барселона и Реал Мадрид и тоа со натпревар помалку, а Суарез стана првиот фудбалер кој постигнал најмалку 15 гола во прва сезона со нов тим во Ла лига по Кристијано Роналдо со Реал Мадрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гонзало Гарсија е новиот тренер на Хајдук

Гонзало Гарсија официјално го презеде Хајдук, потврди клубот. На клупата на третопласираниот тим од неодамна завршената сезона во Хрватска тој го наследи Гатузо.
Трансферот на тренерот беше потврден откако сплитскиот клуб постигна договор со Истра 1961, која претходно ја водеше Гарсија. Договорот е потпишан до летото 2028 година, а новиот тренер официјално ќе и биде претставен на јавноста следната недела, пред почетокот на подготовките на клубот за новата сезона.
Гарсија со Истра 1961 сезоната ја заврши на шестото место. Во 18 натпревари од вториот дел од сезоната, тој загуби само три пати, а покрај тоа, имаше седум победи и осум нерешени резултати.
Спорт
Хамилтон: Васер е личноста што ќе го однесе Ферари до врвот

Ферари и Луис Хамилтон не импресионираа во првиот дел од сезоната. Многу се зборува за водството на италијанскиот тим, лошите тактики, стратегиите… Сепак, Хамилтон тврди дека првиот човек Фредерик Васер е вистинската личност на вистинското место.
Луис Хамилтон моментално е шести во генералниот пласман, позиција пред него е тимскиот колега Шарл Леклер. Нивните резултати во овој дел од сезоната му овозможија на тимот да биде втор во шампионатот на конструктори. Иако со речиси 200 поени помалку од лидерот Мекларен.
Под притисок поради резултатоте во рпвите девет трки за наоѓа шефот на тимот Фредерик Васер.
„Заедно сме во ова. Работиме напорно зад сцената. Работите не се совршени, но јас сум тука да работам со тимот, а секако и со Фред. Го сакам Фред тука. Верувам дека тој е личноста што ќе нè однесе на врвот“ рече Хамилтон.
„Многу луѓе немаат поим што се случува зад сцената. Ова прашање не е на дневен ред и сигурно не би било нешто што би го поддржал“.
Ферари ќе има можност да направи нов пробив овој викенд, кога на програмата е Големата награда на Канада.
Спорт
Трансферот на Зинченко зависи од Тео Ернандез

Играчот на Арсенал, Олександр Зинченко, е заинтересиран за трансфер во Милан, објавија италијанските медиуми.
Трансферот зависи од Тео Ернандез, кој се подготвува да замине од „Сан Сиро“. Милан преговара со Атлетико за трансферот на Тео, бидејќи фудбалерот изразил желба да се врати во клубот од чија академија потекнува.
Кога овој трансфер ќе биде завршен, Зинченко ќе може да го напушти Арсенал. Украинецот бара нов клуб бидејќи минатата сезона немаше никаква улога кај Микел Артета.