Контакт

Спорт

Судија повреди кошаркар во НБА

Објавено пред

Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Девион Мичел, доби повреда на бизарен начин на синоќешниот меч против ЛА Лејкерс, кој „езерџиите“ го добија против „кралевите“ со резултат 117-92.

Лејкерси до триумф на мечот стигнаа без услугите на Леброн Џејмс, но вниманието го привлече една несекојдневна сцена.

Мичел по мал контакт со еден од судиите на мечот, го свитка глуждот и се најде на паркетот.

Гледајте ја целата ситуација:



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Надал преку Хачанов до осмина-финалето на АО

Објавено пред

Рафаел Надал преку Карен Хачанов избори пласман во осмина-финалето на Австралија опен. Шпанецот за два часа и 54 минути забележа победа од 3:1 (6/3, 6/2, 3/67, 6/1).

Надал ги доби првите два сета, Хачанов успеа да остане во мечот кога го освои третиот сет, но неговата игра целосно се распадна во четвртиот сет.

На крајот, Надал имаше три винери повеќе (39/36), 12 грешки помалку (30/42). Шпанецот подобро ги искористи брејк-шансите, петпати му го одзеде сервисот на противникот, а Хачанов имаше пет шанси за брејк, искористи само една.

Надал во осмина-финалето ќе игра против Аслан Карацев или Адријан Манарино.

Прикажи повеќе...

Спорт

Влаховиќ го одбил Арсенал, Фиорентина одбила понуда од Јувентус

Објавено пред

Фиорентина потврди дека клуб од Премиер лигата испратил официјална понуда за српскиот голгетер Душан Влаховиќ. Напаѓачот имал поинаков план, ќе остане во Фиренца до завршувањето на сезоната.

„Влаховиќ не е заинтересиран за трансфер во Премиер лигата. Покрај овој клуб, уште неколку клубови од Англија се интересираат за него, но тој очигледно има поинакви планови. Ние сме подготвени да преговараме, но тој и неговиот менаџер одбиваат преговори“, рекол директорот на Фиорентина, Џо Бароне.

И покрај тоа што не го откри името на заинтересираниот клуб, повеќе од сигурно е дека станува збор за Арсенал.

Влаховиќ имал желба да го облече дресот на Јувентус, ова го тврдат медиумите од Италија. „Газета дело спорт“ објави дека Јувентус испратил понуда – во кеш 35.000.000 евра и Дејан Кулушевски во замена за Влаховиќ.

На „Артемио Франки“ ја одбиле понудата, директорот Бароне не се согласува со процената на Јувентус дека Кулушевски вреди 35.000.000 евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нов дуел на Атлетик и Реал – Ждрепката ги спои во четврт-финалето на Купот

Објавено пред

Атлетик Билбао го добија Реал Мадрид за противник во четврти-финалето, во Купот на Кралот. Оваа фаза во шпанскиот Куп ќе понуди уште едно дерби, Реал Сосиедад-Бетис.

Ждрепката не им беше наклонета на Атлетик Билбао и Реал Мадрид. Сигурно е дека се надеваа на полесни противници, по синоќешните тешки победи во осмина-финалето. Двата тима играа продолженија, Атлетик ја победи Барселона со 3:2, а Реал славеа победа во Елче 2:1.

Од почетокот на сезоната, Атлетик и Реал одиграа три натпревари. Сите ги добија играчите на „кралскиот клуб“, дуелите во првенството со 1:0 и 2:1 и финалето во Суперкупот со 2:0.

Четврт-финални довјки:

И во четврт-финалето се игра само еден натпревар. Дуелите ќе се играта од 1. до 3.февруари. Една недела подоцна се закажани првите полу-финални натпревари. Финалниот натпревар ќе се игра во Севилја на 23.април.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион36 минути

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет2 часа

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија4 часа

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ4 часа

Момчето што вчера беше прегазено на „Партизанска“ е отпуштено од болница, возачот сѐ уште е во полиција

Возачот на возраст од 22 години, кој управуваше со автомобилот „ситроен“, и натаму се наоѓа во полициска станица, каде што...

Топ5 часа

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија6 часа

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет6 часа

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија19 часа

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија20 часа

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет21 час

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Свет21 час

Шведска ги менува препораките – лицата со слаби симптоми на настинка не мора ни да се тестираат

Под силен притисок од ширењето на омикрон и зголемениот број на заразени и здрави, но изолирани, кои почнаа да ги...

Македонија23 часа

Нови 13 починати и 1.172 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.021 тестови,...

Македонија1 ден

(Видео) Катица Јанева сака лично да ги следи судењата во кои Камчев ѝ бара да му врати дел од милионот

Експецијалната јавна обвинителка, Катица Јанева, има желба и самата да присуствува на судењата против неа, Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец,...

Македонија1 ден

Камчев не сака Кичеец да му врати дел од милионот, парите ги бара од Јанева, Боки-13 и државата

Бизнисменот Орце Камчев нема да бара од Зоран Милевски-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“, да му врати дел од 1,5 милион...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Папата Бенедикт XVI знаел за злоупотребата на деца во Црквата

Папата Бенедикт Шеснаесетти знаел за свештеници што злоупотребиле деца додека тој бил надбискуп во Минхен од 1977 до 1981 година,...

Македонија1 ден

Бектеши: Нема да се намалува топлината на парното

Министерот за економија, Крешник Бектеши, тврди дека нема да се скратат часовите во кои скопјани ќе добиваат топлинска енергија. Од...

Македонија1 ден

Радев: Има позитивни сигнали од посетата на Кирил Петков во Скопје, но да не ги заборавиме главните прашања

Секој чекор што ја продлабочува нашата врска мора да биде поддржан, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, прашан за посетата на...

Свет1 ден

Москва одговори на заканите на Бајден: Санкциите повеќе ќе ја погодат Америка отколку Русија

Забраната на руските банки да користат долари повеќе ќе ѝ нанесе удар на Америка отколку на Русија бидејќи големите светски сили,...

Свет1 ден

(Видео) Еколошка катастрофа во Перу – по ерупцијата во Тонга, дошло до силно излевање нафта

Властите во Перу соопштија дека излевањето нафта кај брегот на земјата предизвикало еколошка катастрофа. Имено, од рафинеријата „Ла Пампила“ протекоа...

Досие