Спорт
Судијката за претрпен страв ќе го тужи Ѓоковиќ
Благодарение на Новак Ѓоковиќ судијката Лаура Кларк стана планетарно позната. Ѓоковиќ несакајќи ја погоди со топче во пределот на вратот во финишот на првиот сет од осмина-финалниот меч со Пабло Карењо-Буста. Поради овој потег супервизорот на Ју-Ес опен, почитувајќи ги правилата го дисквалификува првиот носител од турнирот.
Ѓоковиќ свесен за грешката што ја направи, во истиот момент и се извини на судијката, а наредниот ден испрати порака до своите фанови да не ја навредуваат на социјалните мрежи.
Целиот случај може да добие нова димензија откако од САД пристигнуваат информации дека Лаура Кларк планира да поднесе тужба против Ѓоковиќ. Според се уште непотврдени информации Кларк ќе тужи за претрпен страв. Таа очекува да добие некое милионче од богатството на Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Голем удар за Лејкерси, се повреди Дончиќ
Првата ѕвезда на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе пропушти неколку натпревари поради повреда на прстот.
Станува збор за повреда на прстот на левата рака. Се очекува да биде во аут најмалку една недела.
Ова значи дека Лејкерс сигурно ќе бидат без Дончиќ против Сакраменто, Портланд и Минесота.
Дончиќ започна силно во првите два натпревари. Тој забележа вкупно 92 поени, 23 скока и 17 асистенции. Значи, ова е голема штета и голем удар за Лејкерс.
Проблемот за ЛА Лејкерс е поголем ако се знае дека поради повреда се зоната се уште не ја започнал Леброн Џејмс.
Спорт
(Видео) Јувентус ја продолши лошата серија, загуби од Лацио
Фудбалерите на Лацио го победија Јувентус со 1:0 во последниот натпревар од деветтото коло на италијанската Серија А. Единствениот гол на натпреварот го постигна хрватскиот фудбалер Тома Башиќ, кој беше стрелец во деветтата минута од натпреварот. Тоа беше неговиот прв гол по 907 дена.
Со оваа победа, Лацио скокна на 10-то место со 11 бода, додека Јувентус остана осми со еден бод повеќе.
Екипата на Игор Тудор на тој начин продолжи со серија од осум последователни натпревари без победа во сите натпреварувања, што е најдолгата таква серија во последните 16 години. Исто така Јувентус е во серија од четири натпревари без постигнат гол во сите натпреварувања.
Лацио, од друга страна, ја продолжи својата серија од четири натпревари без пораз.

Лацио поведе во деветтата минута. Башиќ го постигна голот по катастрофалната грешка на напаѓачот на Јувентус, Џонатан Дејвид, кој се обиде да ја врати топката кон својата одбрана со глава, но ја додаде директно до Данило Каталди.
Капитенот на Лацио веднаш ја препозна можноста и навремено го проигра Башиќ, кој шутираше по земја со левата нога од околу 20 метри. Топката отскокна од Федерико Гати и го измами голманот Матија Перин.
Foto/ EPA
Спорт
Доминантна победа на Норис во Мексико – Британецот сега е лидер во вкупниот пласман
Ландо Норис ја растури конкуренцијата и ја освои Големата награда на Мексико, кој во претпоследниот крууг за момент на прекина виртуелното возило за безбедност. Со оваа победа Норис ја презеде лидерската позиција во генералниот пласман, има бод повеќе од тимскиот колега Оскар Пјастри кој финишираше на петтото место.
Викендот во Мексико ја донесе една од највозбудливите трки оваа сезона и прва победа на Мекларен по четири трки и прва победа за овој тим по 1989 година, кога слеваше легендарниот Аиртон Сена.
Норис победи со 30 секунди пред Шарл Леклер. Возачот на Ферари во последните кругови успеа да се одбрани од Макс Ферстапен.
Брилијантна трка возеше младиот Оливер Берман од Хас, стартуваше од деветтото, го освои четвртото место.
Неверојатно возбудливи беа првите десет круга, неколку возачи во тој период возе по тревата крај патеката, дирекцијата на трката отвори неколку истраги, на крајот настрада само Луис Хамилтон со казна од 10 секунди која му ја уништи трката, бидејќи во тој момент беше трет.
Бодови во Мексико освоија и Оскар Пјастри, двоецот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел. односно Луис Хамилтон, Естебан Окон (Хас) и Габрел Бортолето (Заубер).
Во генералниот пласман Норис по шестата победа во сезоната има поен повеќе од Пјастри и 36 од Ферстапен.
Интересно е во борбата за второто место во конкуренција на конструкторите. Ферари сега е втор со поен повеќе од Мерцедес и десет од Ред Бул.
Наредната трка се вози во Бразил. Во Сао Паоло на програмата ќе бидат спринт и главната трка.
Foto/ EPA

