Спорт
Судијата што предвреме го прекинуваше мечот имал топлотен удар?
Замбискиот фудбалски судија Џани Сиказве, кој вчера приреди нешто неверојатно на Африканскиот куп на нациите кога двапати предвреме означи крај на мечот помеѓу Тунис и Мали, завршил во болница поради топлотен удар и дехидрирање за време на мечот, објавија локалните медиуми.
Тунис побара мечот, во кој загубија со 0:1 од Мали, да биде преигран откако Сиказве првин означи крај на мечот во 85. минута, а потоа, по продолжувањето, мечот го прекрати 17 секунди пред крајот на 90-тата минута.
Според Египќанецот Есам Абдел-Фатах, одговорниот за судии на АФЦОН, Сиказве имал топлотен удар и бил сериозно дехидриран по што завршил во болницата во Лимбе, Камерун. Температурата во текот на мечот беше 34 степени, со огромна влажност на воздухот.
„Судијата страдаше од топлотен удар и многу сериозна дехидрација по што го загубил фокусот и заврши во болница. Затоа се случија предвремените означувања на крајот. Кога се случи кризата, тој ја загуби контролата и требаше четвртиот судија да го преземе мечот, но една од двете репрезентации го одби тоа“, вели Абдел-Фатах.
Луд скандал на Африканскиот куп – судијата прогласи крај во 85. минута, па во 89. минута!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Во сообраќајна несреќа тешко е повреден Бабнгида, неговиот брат загина, сопругата и детето се во критична состојба
Поранешниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида (50) имал тешка сообраќајна несреќа на автопатот во Нигерија, а во несреќата загинал неговиот три години помлад брат Ибрахим.
Тијани, неговата сопруга, син и куќна помошничка, кои исто така биле во автомобилот, со тешки повреди биле примени во болница.
Некои медиуми тврдат дека Тијани е свесен, додека остатокот од семејството се уште е критичено, но се опоравува.
Тијани Бабангида беше репрезентативец на Нигерија од 1994 до 2004 година и играше на Светското првенство во 1998 година, а најголема трага во клупскиот фудбал остави во Ајакс, во периодот од 1996 до 2003 година.
Тијани моментално е претседател на Здружението на професионални фудбалери на Нигерија. Фудбал играше и трагично загинатиот Ибрахим. Најмногу играше за африкански клубови, но стигна и до холандски Волендам.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.