Спорт
Судијата Морено се отвори за скандалозниот меч Јужна Кореја – Италија од 2002

Името на еквадорскиот фудбалски судија Бајрон Морено останува кошмар за италијанските фудбалски фанови и 20 години подоцна од мечот Италија – Јужна Кореја тој инсистира дека тоа бил еден од неговите најдобри мечеви во кариерата, иако жали што Корејците не добиле црвен картон.
Шокантната елиминација на Италија во осмина-финалето на Светското првенство во Кореја и Јапонија во 2002 останува еден од најконтроверзните моменти во историјата на мундијалите. Морено и неговите помошници на тој меч, според италијанската перспектива, направиле многу пристрасни одлуки – два поништени гола поради офсајд, пенал за домаќините и црвен картон за Франческо Тоти.
Морено подоцна во 2003 година беше исклучен од ФИФА кога дозволи 13 минути продолжување во меч на клубот Лига Квито, клубот од градот каде што беше кандидиран за градоначалник. Во 2010 година тој беше уапсен на аеродромот ЏФК во Њујорк со 6 килограми хероин тврдејќи дека бил принуден од дилерите во Еквадор, кои ѝ се заканувале на неговата сопруга.
„Иако помина толку многу време, уште добивам навреди на социјалните мрежи од италијанските навивачи, но мојата совест е чиста. Судиите пред ерата на ВАР-системот имаа неколку секунди да реагираат. Не се каам бидејќи моите одлуки не влијаеја на резултатот на тој меч. На пример, црвениот картон на Тоти беше критикуван, но ако го гледате видеото, корејскиот фудбалер стигнува прв до топката по што тој се сопнува и симулира фаул. Правилата јасно кажуваа дека за симулација следува жолт картон. Сепак, имам една работа во која згрешив. Сун-Хон Хванг го собори Џанлука Замброта во 72. минута и Италијанецот беше повреден. Таа ситуација ме мачи бидејќи требаше да му дадам црвен картон“, вели Морено во интервју за „Ла Газета дело спорт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Муарем Бајрами уште две години на клупата на Македонија ЃП

Тренерот на македонскиот прволигаш Македонија ЃП, Муарем Бајрами, ја продолжи соработката и за следните две години. После освоениот пехар во Купот, раководството на Македонија ЃП одлучи да му даде нов двегодишен договор на Бајрами.
Тој во октомври минатата сезона ја презеде екипата од Александар Таневски, а претходно равотеше како негов асистент.
Македонија ЃП во првенството се пласираше на четвртата позиција.
Спорт
Младата селекција до 21 година на собир: Дуели против Ерменија и против Украина

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска во хотел „Парк“ го имаше официјалниот собир во пресрет на предвидените натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на ЕП што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023.
На 2. јуни, на тренинг центарот „Петар Милошески” гостува селекцијата на Ерменија. Три дена подоцна, во последното коло од квалификациската група Х, младата селекција на Македонија ќе одигра меч против Украина во Истанбул, Турција.
Репрезентацијата на Македонија по двата последни квалификациски натпревари, на 10 и 12. јуни ќе одигра две контролни средби против селекцијата на Босна и Херцеговина во Скопје.
Спорт
Мане ја откри големата тајна: Бев пред трансфер во Манчестер Јунајтед

Садио Мане е на пресвртница во кариерата, бидејќи Баерн Минхен цврсто реши да го доведе, а од друга страна, Ливерпул не сака да ја надмине границата околу финансиските приходи на Сенегалецот.
Германските медиуми најавуваат дека преселбата во Баерн би била логичен чекор за 30-годишниот африкански фудбалер кој летото 2016 година од Саутемптон се пресели во Ливерпул.
Мане одигра извонредно во сезоната 2015/2016, втора во дресот на „светците“, а амбициозниот Манчестер Јунајтед сакаше да го доведе, но крилниот напаѓач сепак се реши за Ливерпул.
„Бев многу блиску до Јунајтед. Договорот веќе го имав подготвен и условите постигнати. Се беше подготвено, но наместо тоа, пресеков и решив да се преселам во Ливерпул. Бев убеден во проектот на Клоп“, изјави Мане во интервју за британски „Телеграф“.