Спорт
Судиската организација на РФМ бара извинување од РК Вардар 1961 за неоснованиот притисок пред дербито
Пред натпреварот од првото коло на Суперлигата меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер, директорот на Вардар 1961, Борко Ристовски ги нападна судиите во македонското првенство и најави дека клубот е подготвен да побара интернационални судии за следните натпревари.
Здружението на судии на РФМ побара јавно извинување поради неоснованиот притисок.
„Почитувани, спортски љубители на ракометот,
Со чудење ја прочитавме последната изјава на извршниот директор на РК Вардар 1961, Борко Ристовски и сакаме по истата да се произнесеме, бидејќи дирекно бевме посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на одредени екипи. Пред да го искажеме нашиот став околу неговата изјава дозволете да се навратиме на неколку битни моменти околу целата судиска организација која е ценета од сите европски и светски организации со тоа што од самото оформување па се до ден денешен нејзините членови се учесници на сите врвни натпреварувања.
Почнувајки од плеадата судиски парови од постарата генерација предводена од Марјан и Драган Начевски како и денешната генерација предводена од Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и другите шест меѓународни парови некои од нив исто така се здобија и со ИХФ знакот и да не ги заборавиме и огромниот број судии кои ја делат правдата на натпреварите во домашното првенство.
За да не одземаме време со набројување на сите важни учества на нашите членови ќе наброиме само неколку учества на Олимписки игри, Светски и Европски првенства како и на континенталните Купови независно во женска или машка конкуренција.
Некои од нив имаа и можност да ја делат правдата и во други првенства со што кажува за квалитетот и реномето на македонските судии, да денес некој се дрзне да бара судии од странство за кои многупати сме слушнале и прочитале од истиот клуб дека биле оштетени во некој од европските Купови. Бидејќи нашето реноме како организација е почитувано и докажано на сите полиња нема да дозволиме да се нарушува имиџот и реномето на истата од било кој поединец или спортски субјект. За таа цел ќе поставиме контра теза на трвдењата на извршниот директор на РК Вардар 1961.
Дали некој се запрашал во РК Вардар 1961 како со истите овие судии изминатите години го освоил 15 првенствени титули и 15 титули во Купот на македонија како и три или четири титули во Суперкупот?
Дали откако се загуби приматот во првенството, но не и во Купот и Суперкупот и истите тие судии од страна на рк Вардар заслужуваат да бидат посочени како главни виновници за успехот или неуспехот на некој клубови или сето ова доаѓа како добро смислено сценарио како притисок на службените лица на престојниот дерби натпревар и престојното првенство?
Ако управата на РК Вардар 1961 е сè уште на истиот став и не се извини на судиската организација, ние сме спремни да го удостоиме барањето на РК Вардар 1961 на натпреварите од домашното првенство и да не бидеме службени лица, меѓутоа оваа одлука ќе важи за сите натпревари на РК Вардар 1961 во домашното првенство, а не само на оние кои тие ќе побараат.
Спортски поздрав,
Здружение на ракометни судии на Македонија“.
Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ќе играат в недела од 19:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Фото: www.rkvardar.com.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

