Спорт
Судот пресуди во корист на Ванеса Брајант – Градот Лос Анџелес на Ванеса ќе ѝ исплати 16 милиони долари
Ванеса Брајант, вдовицата на кошаркарската легенда Коби Брајант и семејството Честер, го добија спорот против градот Лос Анџелес. Ванеса и семејството Честер го тужеа градот дека по несреќата во која загинаа нивните најмили, полициските службеници кои први пристигнале на местото каде што се урна хеликоптерот ги фотографирале телата на загинатите, а потоа ги споделувале фотографиите.
Судот одлучи дека градот Лос Анџелес ќе треба да плати 16.000.000 долари. Инаку, адвокатите бараа пет пати поголема отштета.
За време на изрекувањето на пресудата, Ванеса Брајант со дланките го прекрила лицето и почнала да плаче, додека по излегувањето од судницата не зборувала со медиумите.
Се огласија само адвокатите на семејството Честер, чии членови исто така беа во хеликоптерот во моментот на падот, а нивната кратка порака е дека се задоволни од пресудата.
Да потсетиме, Коби Брајант, неговата ќерка Џијана и уште седум други лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година.
Фотографиите од нивните тела набрзо почнаа да се споделуваат, поради што Ванеса го тужеше градот.
Коби Брајант е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, петкратен НБА-шампион со ЛА Лејкерс, кој ја заврши кариерата во 2016 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

