Спорт
Судот во Барселона го ослободи Дани Алвеш со кауција од еден милион евра
																								
												
												
											Судот во Барселона донесе одлука да го ослободи од затвор Дани Алвеш со кауција од еден милион евра до конечната пресуда за Бразилецот. Да потсетиме, Алвеш беше затворен во процесот во кој беше одлучено дека силувал 23-годишна жена во ноќен клуб во Барселона на крајот на 2022 година.
Судот се согласил поранешниот фудбалер да биде во „привремен притвор“ со платена кауција од еден милион евра. Кога уплатата ќе биде потврдена, ќе му биде дозволено привремено да излезе на слобода, но нема да може да ја напушти Шпанија бидејќи судот му ги одзеде двата пасоши.
Да потсетиме, еден од најтрофејните фудбалери во историјата е осуден на четири ипол години затвор поради силување.
Одлучено е дека на 30 декември 2022 година силувал 23-годишна девојка во ВИП делот на еден ноќен клуб во Барселона. Судењето на поранешниот фудбалер заврши на 7 февруари годинава, а 15 дена подоцна ја дозна пресудата.
Обвинителството побара затворска казна од девет до максимум 12 години. Адвокатите на Алвеш го бранеа со фактот дека бил пијан. Претходно, неговото барање за кауција беше одбиено поради стравувањата дека ќе побегне во Бразил, кој не ги екстрадира своите државјани осудени на затвор во други земји.
Алвеш е приведен на 20 јануари минатата година. Тоа значи дека во затвор поминал една година и два месеци. Тоа време се смета за издржување на казната на која е осуден.
Ова значи дека Алвеш, и покрај тоа што во февруари беше осуден на четири ипол години затвор за тешко кривично дело, веќе во мај годинава може да биде на слобода.
Причината е одредбата на шпанскиот закон според која по отслужување на третина од казната може да побара предвремено ослободување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Спорт
Дејвид би можел да го напушти Јувентус
														Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид (25) е незадоволен од својата минутажа во Јувентус и би можел да го напушти клубот од Торино во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.
Дејвид постигна 25 гола и 12 асистенции во Лил минатата сезона, а во јули се пресели во Јуве како слободен играч. Со „Старата дама“, Дејвид потпиша петгодишен договор.
Иако оваа сезона одигра 12 натпревари, не успеа да се етаблира како стандарден играч во првиот тим. Во тие 12 натпревари постигна само еден гол.
Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети, би можел да има слух за канадскиот репрезентативец и да му даде поголема улога.
Спалети, кој го наследи Игор Тудор, дебитираше на тренерската клупа на Јуве во саботата, со победата над Кремонезе (2:1), но Давид влезе во игра дури во 85-тата минута.
Исто така, малку е веројатно дека Дејвид ќе биде во почетниот состав за вечерашниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг.
Спорт
Стефано Пиоли доби отказ
														Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А.
Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата.
Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба.
Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати и го освои италијанското првенство во 2021/22 година, Пиоли имаше и краток престој во Ал-Наср.
Спорт
Спанулис и во иднина ќе ја предводи Грција
														Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција.
Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор.
Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на Евролигата, Монако, а неговата следна цел кога станува збор за репрезентацијата ќе биде да ја однесе Грција на Мундобаскетот во 2027 година.
Спанулис е на клупата на грчката репрезентација од октомври 2023 година, а ја водеше оваа репрезентација на Олимписките игри во Париз една година подоцна.

