Спорт
Судска одлука – Фјури мора прво да се бори со Вајлдер
Арбитражниот суд во САД пресудил дека Тајсон Фјури пред ,ечот со Ентони Џошуа, мора да се бори со Дионте Вајлдер.
Фјури, на социјалните мрежи, вчера потврди дека борбата за апсолутен шампион во тешка категорија, со Џошуа, ќе се одржи на 15.август во Саудиска Арабија.
Фјури е шампион во верзијата ВБЦ, а Џошува е шампион во верзиите на ИБФ, ВБО, ВБА, ИБО.
Фјури и Вајлдер има потпишан договор за три борби. Фјури забележа победа во првиот меч, одржан во февруари минатата година. Реваншот закажан за јули 2020 година не се одржа поради пандемијата на коронавирусот. Фјури потоа се откажа од борбата, неговиот тим ги започна и успешно ги заврши преговорите со тимот на Џошуа.
Случајот заврши на Суд, а судијата Даниел Вејнштајн, пресудил дека борбата помеѓу Фјури и Вајлдер мора да се одржи пред 15. септември, односно дека Вајлдер има право на третиот меч.. Доколку Фјури се откаже од таа борба тогаш ќе мора да плати милионско обесштетување.
Кога сме веќе кај парите, од мечот во Саудиска Арабија, закажан за 14.август, Фјури и Џошуа ќе заработат по најмалку 150 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Репрезентациите на Евро со 26 наместо со 23 играчи
Европската фудбалска унија (УЕФА) е блиску до конечна одлука за зголемување на бројот на фудбалери во репрезентациите за овогодинешното Европско првенство во Германија, пренесува „Скај Спортс“.
Иако долго се споменуваше, оваа промена за првпат беше официјално предложена на почетокот на април во Дизелдорф, на иницијатива на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, каде што се одржа завршната едукативна работилница на УЕФА.
Како што пренесува „Скај Спортс“, делегатите на националните натпреварувања во понеделникот гласале за промена и зголемување од 23 на 26 фудбалери кои треба да им бидат на располагање на селекторите во Германија.
Тоа не е конечна одлука, бидејќи прво треба да биде одобрена од Извршниот одбор. Се очекува тоа да се случи пред 22 мај, за кога е закажана следната седница на ова тело.
Последен пат проширените тимови беа користени во 2021 година на Европското првенство, како мерка што им олесни на селекторите да се справат со пандемијата на коронавирусот.
Фудбалските сојузи имаат рок до 7 јуни да ги испратат конечните списоци со играчи за Европското првенство.
Натпреварувачката сезона во Европа ќе заврши со финалето на Лигата на шампионите на 1 јуни, а Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Спорт
(Видео) Отказ, па казна за Вујовиќ – Му забранија да биде тренер во Хрватска
Дисциплинскиот судија на Хрватскиот ракометен сојуз ги изрече казни за претставниците на екипата на Нексе од Нашице за инцидентот на мечот со Загреб на 8 април.
Делегатот на тој натпревар, во мешаницата која настана кај записничјката маса, намерно беше удрен од играчот на Нексе, Словенецот Марко Безјак, а натпреварот набргу потоа беше прекинат.
Лекарска помош му беше укажана и на делегатот Анте Јосиќ, а судиите по дваесетина минути означија крај на натпреварот. Натпреварот подоцна беше регистриран со службен резултат 10:0 во корист на Загреб
Инцидентот се случи како последица на големото незадоволство на домашните поради низа судиски одлуки. Во еден момент сите тргнаа кон делегатот, таму беше и тренерот Веселин Вујовиќ, а врв на се беше неспортскиот потег на Безјак.
На се’ му претходеше протест на Вујовиќ до делегатот поради спорната одлука на судијата да го поништи голот на неговиот тим и наместо тоа да покаже седмерец.
Поради ова, дисциплинскиот судија Среќко Илиќ изрече забрана за играње ракомет на Безјак 12 месеци, а на Андраж Велкаврх му изрече суспензија на четири натпревари.
На Веселин Вујовиќ му е изречена дисциплинска мерка забрана за вршење на тренерска функција во траење од три месеци. Вујовиќ неодамна доби отказ од клупата на Нексе по поразот од Пореч. Тимот во преостанатиот дел од сезоната ќе го води поранешниот помошник Крешо Иванковиќ.
Покрај тоа, клубот е казнет со 4.000 евра.
Спорт
Але го пропушта натпреварот со Пари-Сен Жермен
Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, речиси сигурно ќе го пропушти полуфиналето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен следната недела, пренесува „Лекип“.
Репрезентатиецот на Брегот на Слоновата коска, го повреди скочниот зглоб на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах (2:1), Але ќе мора да паузира најмалку две недели.
Ова е лоша вест за напаѓачот кој неодамна се опорави од рак на тестисите и штотуку почнува да се враќа во добра форма.
Зимава настапуваше за репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска со која го освои Африканскиот куп на нации.
Але одигра 40 натпревари за Дортмунд, постигна 12 гола и забележа шест асистенции.
Борусија се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите за прв пат по 2013 година, кога го елиминираше Реал Мадрид, а потоа загуби од Баерн Минхен во финалето на „Вембли“.