Спорт
Сузуки на крајот од сезоната ќе се повлече Мото ГП

Јапонскиот производител „Сузуки“ од следната сезона нема да се натпреварува во Мото ГП шампионатот. Повлекувањето на „Сузуки“ од најсилната класа доаѓа седум години по враќањето во неа, а две по освојувањето на титулата со Џоан Мир. Шпанецот ја врати титулата на јапонскиот тим по 20 години, кога на тронот беше Кени Робертс Јуниор.
Покрај Робертс Јуниор и Мир, титули на „Сузуки“ му донесоа и Бери Шин, Франко Унчини и Кевин Шванц. Овој тим претходно поради финансиски проблеми се повлече од Мото ГП шампионатот во 2011 година.
Претходниот пат кога се повлекоа „Сузуки“ и тоа и се случи во 2015 година кога возачи на јапонскиот тим беа Алеиш Еспаргаро и Маверик Вињалес. Помладиот од двајцата Шпанци го врати Сузуки на највисокото скалило на подиумот следната сезона, на Големата награда на Британија, по девет години пост.
Вињалес и Еспаргаро потоа ги наследија Андреа Јаноне и Алекс Ринс, кој сè уште вози во „Сузуки“, додека пред три години наместо Италијанецот пристигна Мир.
Шампионот во кралската класа од 2020 година оттогаш постигна една победа и вкупно 13 пати се најде на подиумот, додека Ринс имаше три победи во нешто повеќе од четири сезони, со уште 12 подиуми. Според бројни медиуми, челниците на Сузуки одлуката за повлекување им ја соопштиле на сите членови на тимот во понеделникот веднаш ја известиле и Дорна.
Шокантната одлука сега ја доведува во прашање иднината на Мир и Ринс. Некои медиуми пренесуваат дека помладиот од двајцата Шпанци и дефинитивно ќе се пресели во Репсол Хонда на местото на Пол Еспаргаро.
Шампионатот во Мото ГП продолжува на 15 мај со Големата награда на Франција во Ле Ман
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Падна договор меѓу Арсенал и Ѓекереш

Арсенал е на добар пат да го потпише Виктор Ѓекереш, еден од најбараните напаѓачи во Европа во моментов.
Како што објави „Атлетик“, преговорите меѓу „Топџиите“ и играчот на Спортинг напредуваат добро и веќе се зборува за петгодишен договор за 27-годишниот Швеѓанец.
Во претходната сезона, со 54 гола на 52 натпревари, Ѓекереш му помогна на Спортинг да стигне до двојната круна.
Долго време неговото име се поврзува со Арсенал, и не е тајна дека преселбата во лондонскиот клуб е негова голема желба, сега наводно сите услови се веќе договорени.
Со доаѓањето на Андреа Берта како спортски директор на „Топџиите“, доведувањето на Ѓекереш беше поставено како еден од приоритетите на клубот.
Се шпекулира дека фиксниот дел од трансферот ќе изнесува 65 милиони евра, а уште 15 милиони Спортинг ќе може да заработи преку бонусите.
Спорт
Пјастри: Нема да зборувам многу, би можел да се најдам во неволја

Трката за Големата награда на Велика Британија во Силверстоун донесе ново намалување на разликата меѓу асовите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. А тоа значи и зголемување на тензиите, а дека се оди во тој правец може да се насети и по изјавата на Австралиецот по завршувањето на трката.
Лидерот во генералниот пласман ги имаше сите адути во свои раце – водечка позиција, контрола на трката. Но, една кардинална грешка и казна од 10 секунди практично го чинеше победа, па наместо да се оддалечи од тимскиот колега за уште осум поени и да стигне до разлика од 23 бода, ситуацијата се сврте – Норис ја намали разликата на само осум поени на половина од сезоната.
Самиот Пјастри не е задоволен од казната, смета дека е неправедна. Кога отиде да ја одработи казната и дојде до предавање на позицијата на Норис, побара од тимот да му наложат на Норис да ја врати позицијата и да се тркаат, но Мекларен тоа го одби.
„Нема да зборувам многу, за да не западнам во неволја. Но изгледа дека повеќе не смее да се кочи зад безбедносното возило – изјави Пјастри.
Фото: ЕПА
Спорт
Пјастри му ја подари победата на Норис, Хулкенберг е херојот во Британија

Ландо Норис го искористи подароот од тимскиот колега Оскар Пјастри и победи на трката за Големата награда на Велика Британија. Тркањето на култната патека во Силверстоун ја обележа безбедносното возило, кое шест пати излезе на патеката и брилијантниот Нико Хулкенберг кој го комплетираше подиумот.
Трката која се возеше по тешки услови, требаше, но не ја доби Пјастри. Австраиецот направи глупава греша додека безбедносното возило беше на патеката, поради што доби казна од 10 секунди, што му овозможи на Норис да ја забележи осмата победа во кариерата.
Херој на денот е Хулкенберг од Заубер, во 239 настап во Ф1 трка прв пат се искачи на подиумот. Германецот трката ја започна од 19. позиција.
Бодови во Британија освоија Хамилтон, Ферстапен, Гасли, Строл, Алонсо, Албон и Расел.
Во првенството сега следува пауза од три недели. Следната трка ќе се вози во Белгија на Спа Франкошамп.
Foto/ EPA/PETER POWELL