Спорт
Светската тенисерка број 1, Осака, го шутна тренерот Бајин

Светската тенисерка број 1, Јапонката Наоми Осака, направи изненадувачка одлука и го отпушти својот тренер Саша Бајин, кој ја донесе до врвот на светскиот тенис.
21-годишната Осака, која минатиот месец победи на Австралија опен, по ланското освојување на САД опен, се заблагодари на соработката, но не кажа која е причината за разделбата.
„Веќе нема да работам со Саша. Му благодарам за работата и му посакувам сè најдобро во иднина“, напиша Осака на „Твитер“.
Бајин, кој претходно работеше како тренинг-партнер на Серена Вилијамс, Каролине Вознијацки, Слун Стивенс и Викторија Азаренка, во 2018 година беше прогласен за најдобар тренер од ВТА-турнејата.
Бајин, кој е Германец со српско потекло, почна да работи со Осака во 2017 година и ја предводеше од 72. место на ВТА-листата во топ-5 во 2018 година.
„Ти благодарам, Наоми, и ти посакувам само најдобро. Ова беше лудо возење за нас и ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од ова“, напиша тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“