Спорт
Светскиот јуниорски првак суспендиран на четири години поради допинг

Атлетичарот од Суринам, Исам Асинга (19), е суспендиран на четири години поради допинг, објави Одделението за интегритет во атлетиката (АИУ).
Покрај суспензијата, на Асинга му беа одземени и двата златни медала што ги освои на првенството на Јужна Америка на 100 и 200 метри. Избришан е и неговиот светски јуниорски рекорд на 100 метри од 9,89, кој го истрча на првенството во Сао Пауло минатата година.
Асинга беше привремено суспендиран во август минатата година кога беше позитивен на тестот за забранети метаболити, еден месец по поставувањето на светскиот рекорд во јуниорска конкуренција.
„Избришани се сите резултати на Асинга од 18 јули 2023 година и ќе мора да ги врати сите титули и награди“, објави АИУ.
Атлетичарот се бранел дека бил позитивен бидејќи јадел заразени колачи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Големо засилување за Ефес, клубот го претстави Џордан Лојд

Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, е новото засилување на Ефес, објави турскиот клуб.
Американецт со полски пасош ќе потпише едногодишен договор со клубот предводен од Србинот Игор Кокошков.
Ефес му плати отштета на Монако бидејќи Лојд имаше договор со тој тим до следното лето.
Вицешампионот на Евролигата потврди дека Лојд го напуштил клубот, така што неговото доаѓање беше официјализирано од Ефес. Лојд импресионираше со своите игри во дресот на Полска на Европското првенство, каде што, заедно со Матеус Понитка, даде клучен придонес во пласманот на селекцијата на Игор Миличиќ во четвртфиналето.
Овој комбо бек имаше просек од 22,4 поени, 3,3 скока и две асистенции по натпревар.
Во вторникот, вицешампионот на Евролигата го официјализираше доаѓањето на плејмејкерот на Бурса, Давид Мишино, а малку порано, Монако го засили и бекот на Црвенз звезда, Немања Недовиќ.
Лојд требаше да има важна улога во тимот и следната сезона, но поради неговите одлични игри на Евробаскетот, неколку клубови од Евролигата веќе контактираа со неговите менаџери.
Реал исто така беше заинтересиран за Лојд, но тој трансфер не успеа бидејќи имаше премногу пречки.
Тој играше и за Хапоел Елиот, пред да игра за Репторс и развојната Џи лига, а потоа играше за Валенсија, Звезда, Зенит, Макаби и Монако.
Тимот предводен од српскиот тренер Игор Кокошков се засили ова лето со Ајзеа Кординије, Јоргос Папајанис, Ник Вајлер-Баб, Давид Мутаф, Брајс Дезер, како и НБА играчите Кол Свајдер и Кај Џонс.
Спорт
Бошко Ѓуровски се струполи зад говорницата на комеморацијата на Дејан Миловановиќ

Бошко Ѓуровски се онесвести за време на говорот на комеморацијата за Дејан Миловановиќ, а првите информации за здравствената состојба на легендата на Црвена звезда се охрабрувачки.
Присутните веднаш го кренаа Ѓуровски, а тој брзо се освести и се чувствуваше добро по укажаната помош.
Секако, здравствената состојба на Ѓуровски ќе биде детално испитана и се чекаат прегледи, а најважно е што немало никаков удар врз неговиот организамшто веднаш би му го загрозило животот.
Неофицијално, Ѓуровски доживеал моментален колапс бидејќи бил потресен за време на говорот.
Поранешниот селектор на Македонија, легенда на македонскиот фудбал, во еден дел од кариерата му бил тренер на Миловановиќ. Поранешниот капитен на Црвена звезда почина во вторникот на 42-годишна возраст за време на натпреварот на ветерани помеѓу Звезда и ПКБ.
Foto/ Starsport/Peđa Milosavljević
Спорт
Боатенг ја заврши професионалната кариера

Германскиот фудбалер Џером Боатенг, светски шампион со репрезентацијата во 2014 година и двократен освојувач на Лигата на шампионите со Баерн, објави дека ја завршил својата професионална кариера.
Овој 37-годишен фудбалер, по потекло од Гана, по Баерн играше за Олимпик Лион, Салернитана и ЛАСК од Линц.
„Благодарен сум на сите тимови, навивачи, луѓе кои ме поддржуваа, а пред сè на моето семејство. Тие секогаш беа со мене“, додаде Боатенг, со слики од неговата кариера.
Одигра 76 натпревари за германската репрезентација. Го освои Светското првенство во Бразил во 2014 година, а четири години претходно играше во полуфиналето на Светското првенство во Јужна Африка.
Тој играше двапати со Германија во полуфиналето на Европското првенство, во 2012 и 2016 година.
Боатенг е во центарот на вниманието во последните години поради судењето за семејно насилство со неговата поранешна сопруга, за дела што се случиле во 2018 година.
Во повторената постапка, Боатенг доби опомена и условна казна од 200.000 евра.