Спорт
Таири: Ова е огромен успех за Струга ТЛ која е формирана пред само осум години

Македонскиот првак Струга Трим Лум направи нов огромен успех со пласманот во плеј-офот за групната фаза од Конференциската лига. Ова е многу големо достигнување за клубот основан пред само осум години.
Капитенот Фљамур Таири, е дел од сите овие последовни успеси на Струга ТЛ.
„Јас сум дел од ФК Струга Трим Лум од неговите почетоци и од година во година постигнуваме последовни успеси. Многу сум среќен за пласманот во плеј-офот, тоа е историско достигнување за нас и се надеваме дека ќе продолжиме со успеси и зошто да не се квалификуваме и во групите на Конференциската лига“, изјави капитенот Фљамур Таири на прес – конференцијата по синоќешниот меч.
„Секако, за ова достигнување, сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери, бидејќи покажаа невиден натпреварувачки дух, се жртвуваа сите, оние кои играа од првата минута, и оние кои беа вклучени во игра од клупата, покажаа ентузијазам, извонредна подготовка и благодарност до сите“, истакна Фљамур Таири, кој влезе од клупата за резерви во 79.минута, на местото на Мазрекај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Центарот на Макаби се сели во НБА?

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него.
Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар.
Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли.
Инаку, Соркин се пријави на драфтото во 2018 година, но не беше избран.
Минатата сезона, играјќи за Макаби Тел Авив во Евролигата, тој имаше просек од 12,9 поени и 4,1 скока по натпревар, шутирајќи 50,9 проценти од поле.
Спорт
Куртоа си купи ноќен клуб

Тибо Куртоа одлучи да развие бизнис надвор од фудбалскиот терен.
Според белгиските медиуми, искусниот голман одлучил да го купи ноќниот клуб „Версуз“ во Хаселт, на северот од Белгија.
Беше затворен минатиот мај, но сега Куртоа сака да му вдахне нов живот.
Планот е целосно да се реновира, за гостите да имаат максимална атмосфера во форма на удобност, музика…
Капацитетот треба да биде околу 4 илјади луѓе.
Спорт
Проблем за Гвардиола – Мармуш се повреди играјќи за Египет

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото.
Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија.
Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена.
Како што стојат работите сега, Мармуш ќе го пропушти градското дерби против Манчестер Јунајтед во недела.
Foto/ „X“