Спорт
Таљафико разочаран: Ајакс му ги урнаа сништата

Николас Таљафико, репрезентативецот на Аргентина, во зимскиот преоден рок се поврзуваше со трансфер во Барселона, меѓутоа Ајакс не сакаше да го пушти на „Ноу Камп“. Клубовите не успеаја да се договорат, намерата на Барселона беше да го донесе на позајмица Аргентинецот, Ајакс бараа од Каталонците да платата обесштетување.
Разочараниот Таљафико изјавил дека е разочаран што не се пресели во Барселона.
„Кога во овој период од кариерата добивам понуда која не се одбива, а тиа не сакаат да ме пуштат, не можам да кријам дека сум разочаран. Оваа одлука ќе влиаје лошо и врз мене и врз клубот. Ова беше единствена шанса, да си ги остварам сништата, да станам играч на Барселона. Ајакс не ми дозволи да си го остварам сонот. Ајкс не беа искрени со мене, веднаш можеа да ми кажат дека нема да ми дозволат да одам во Барселона. Секогаш професионално ги извршував своите обврски, не заслужив клубот вака да се однесува со мене“, рекол Таљафико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос и Монако го одбранија домашниот пораз

Тешки порази доживеаја шпанските великани Барселона и Реал, во првите четвртфинални натпревари во Евролигата. Монако ја победи Барселона со 97:81, а Олимпијакос со 84:72 славеше против Реал.
Кошаркарите на Монако во третиот период го решија мечот кога се одлепија од противникот на +17 и успеаја да сочуваат голема предност и до крајот да го одбранат домашниот терен.
Монако го предводеа Мајк Џејмс и Даниел Теис со по 22 поени, а одличен беше и Ели Окобо со 19 поени и седум асистенции.
Кај Барселона, Кевин Пантер беше најдобар со 16 поени и два скока, Дарио Бризуела додаде 13, колку што постигна и Фал кои имаше и 14 скокови.
Олимпијакос, за разлика од Монако, во првата четвртина ја најави победата, а практично го реши натпреварот до полувремето кое го доби со 47:29.
Саша Везенков беше најефикасен со 23 поени и седум скока.
Го следеа Еван Фурние со 13 поени и Никола Милутинов со 11 поени и осум скока. Најдобар во тимот на Реал беше Серхио Љуљ со 16 поени, додека двоцифрен беше само уште Марио Хезоња со 13 поени.
Спорт
(Видео) Јувентус падна во Парма

Фудбалерите на Јувентус загубија како гости од Парма со 1:0 (1:0) во 33. коло од италијанската Серија А.
До самиот крај на првиот дел од натпреварот мрежите мируваа, а потоа домашните успеаја да ја затресат мрежата во судиското надополнување. Стрелец беше Матео Пелегрино.
Избраниците на Игор Тудор вршеа притисок, особено на крајот од дуелот, кога можеби Јуве беше оштетен за пенал, по играње со рака на играч на Парма.
Во 91. минута Консеисао шутираше од работ на шеснаесетникот, но ударот заврши крај стативата и тоа е можеби најдобрата шанса за Јувентус.
Во продолжение Парма одолеа на сите обиди, одлично се бранеше и на крајот триумфално го заврши натпреварот.
Спорт
Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид ги продолжи договорите со двајцата ветерани Лука Модриќ и Лукас Васкез.
Но, не како што обично се случува една година или повеќе, туку само еден месец.
Договорите на Модриќ и Васкез истекуваа на 30 јуни, а новите завршуваат на 30 јули, објави мадридски „Ас“.
Причината за овој необичен потег лежи во учеството на Реал на Светското клупско првенство од 14. јуни до 13. јули.
Овој искусен тандем е важен за избраниците на Карло Анчелоти и на овој начин ќе можат да играат во новото натпреварување на ФИФА.
По клупскиот Мундијал, судбината на ветераните е неизвесна. Се шпекулира дека Реал нема да им понуди нови договори.