Спорт
Тан Хаг: Ќе сметам на Роналдо до крајот на сезоната

Ерик тен Хаг сподели што мисли за ситуацијата со Кристијано Роналдо и дали ќе се потпре на португалската ѕвезда во продолжението од сезоната во Премиерлигата.
„Кристијано тренира за да ја одржи формата и да биде подготвен за следниот натпревар против Шериф. Да се врати во понеделник? Прво треба да разговараме. Дали суспензијата ќе биде подолга? Не, не мислам така. Не сакам да отусуствува долго од тимот. Сакам тој да биде дел од него и да придонесе со својот квалитет. Сметам на Кристијано Роналдо до крајот на сезоната. Тој е надвор од натпреварот со Челси, а потоа ние сме подготвени да одиме понатаму. Отворен сум за тоа и мислам дека тоа е напредок. Кристијано останува важен дел од тимот и ќе сметам на него“, изјави холандскиот стратег.
Кристијано Роналдо падна во немилост откако го напушти натпреварот со Тотенхем непосредно пред крајот, откако претходно одби да влезе како замена. Тен Хег го казни играчот со тоа што го испрати да тренира со младинскиот тим и тој ќе биде надвор за дерби натпреварот против Челси. Ќе мора да им се извини на стручниот штаб и на соиграчите и да плати парична казна од милион фунти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лукман се покаја, Јуриќ го врати во тимот

Напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, кој беше суспендиран од клубот ова лето поради обид за трансфер во Интер, е вклучен во составот за натпреварот против Торино во недела.
„Тој разговараше со мене, со тренерскиот штаб и соиграчите, и ми се чини дека тие објаснувања беа добро прифатени. Тој сè уште не е во целосна форма бидејќи веќе некое време тренира самостојно или со резервите. Дали ќе игра утре? Сè уште не сум одлучил, ќе видиме дали ќе започне или ќе влезе подоцна“, рече тренерот Иван Јуриќ на прес-конференцијата.
Лукман се врати на тренинзите со првиот тим во четврток, еден ден откако Аталанта загуби од Пари Сен Жермен (0:4) во Лигата на шампионите.
Нигерискиот репрезентативец (27) е под договор до 2027 година, а Интер понуди повеќе од 40 милиони евра ова лето, што клубот од Бергамо го одби.
Потоа Лукман одби да се приклучи на подготовките и беше дисциплиниран. Откако пристигна во Аталанта во 2022 година, тој постигна 52 гола на 118 натпревари во сите натпреварувања.
Спорт
(Видео) Мијатовиќ во жестока пресметка со навивачите на Партизан

Предраг Мијатовиќ, претседателот на ФК Партизан, влезе во жестока вербална расправија со навивачите на за време на 177-то „вечно“ дерби.
Во еден момент од натпреварот, во кој неговиот тим на крајот беше поразен (2:1), Мијатовиќ се навали преку оградата од ложата и почна да се расправа со луѓето собрани на западната трибина.
Не требаше долго време видеото, кое го прикажува Мијатовиќ како се расправа преку ложата брзо да се прошири на социјалните мрежи.
Ситуацијата толку ескалираше што на крајот, другите собрани од ложата мораа да го смират и да го тргнат од видното поле на собраните подолу.
Иако не е познато што точно го предизвикало овој инцидент, факт е дека постои голема нетрпеливост меѓу навивачите и Мијатовиќ. Повеќето го критикуваат за блиските односи што ги одржува со првиот човек на неговиот најголем ривал, Звездан Терзиќ.
Mijatović u sukobu sa Grobarima na zapadu ( nema zvuk ).
Mijate tako je to kad hoćeš da budeš blizak sa Terzićem i kad ti smeta pominjanje predsednika….Siđi dole i objasni navijačima.Lako je iz lože…😡 pic.twitter.com/vrf0ncSeHg— black & white (@bianconerobgd) September 21, 2025
Спорт
Федерер и Надал на пат кон сензационално враќање – во план нова турнеја за ветерани

Роџер Федерер наговести можност за сензационално враќање на тениските терени, а во целата идеја би можел да му се придружи и неговиот долгогодишен ривал и пријател Рафаел Надал. Двајцата великани на спортот размислуваат за учество во нова „сениорска“ турнеја, посветена на пензионирани тенисери, пренесува британскиот Mirror.
Федерер, кој официјално се повлече од тенисот пред речиси три години, остана активен преку тренинзи и појави на социјалните мрежи, што во последно време ја поттикна јавноста да се прашува дали можеби планира враќање.
Оваа недела, 44-годишниот Швајцарец јавно ја поддржа идејата за турнеја со поранешни професионалци, со можност повторно да заигра заедно со Надал – освојувач на 22 Гренд слем титули.
„Да, зошто да не? Го сакам Рафа. Играв четири часа тенис во Сан Франциско и час и половина во Лос Анџелес пред некој ден. Играм многу за да останам во форма. Знам дека и Рафа е отворен за играње тенис“, рече Федерер.
Иако во шега изјави дека „сениорска турнеја звучи ужасно“, тој предложи интересен концепт:
„Можеби би можеле да создадеме нешто свое – федерална турнеја. Би било одлично.“
Идејата за обединување на тениските легенди повторно на теренот ги возбуди фановите ширум светот и отвори ново поглавје во приказната на Федерер и Надал – едно од најголемите спортски ривалства во историјата.