Спорт
Тареми, по завршувањето на сезоната, ќе биде слободен играч

Претседателот на Порто потврди дека напаѓачот Мехди Тареми на лето ќе стане слободен играч. Пинто да Коста зборуваше за иднината на ирански голгетер.
„Доби понуди од други клубови со плата од 10 милиони евра годишно. Тоа не можеме да му го понудиме. Минатото лето Милан ни дојде со смешна понуда, за која не вредеше ниту да се зборува“, изјави првиот човек на Порто.
Претходно беше објавено дека Манчестер јунајтед е заинтересиран за Иранецот.
Договорот на 31-годишниот фудбалер истекува во јуни 2024. Тареми ја игра четвртата сезона за Порто, досега на 163 натпревари постигна 83 гола. Сезонава одигра 16 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна три гола и забележа три асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши сезоната за Феран Торес

Барселона ќе биде без Феран Торес до крајот на сезоната. 25-годишениот напаѓач, стрелец на 19 гола и асистент за седум гола во 45 одиграни натпревари оваа сезона, го пропушта крајот на сезоната поради операција на слепо црево.
Клубот соопшти дека тој ќе биде опериран во текот на денот и нема да игра вечерва против Еспањол.
Исто така, Торес, ќе ги пропушти и натпреварите против Виљареал и Атлетик Билбао.
Феран Торес учествуваше со три асистенции во победата против Реал Мадрид (4:3), што ја донесе Барса на чекор до титулата.
Тој игра во добра форма во последно време, па од средината на февруари до средината на мај додаде шест гола и четири асистенции во првенството.
Спорт
На суспензии и казни „фрли“ 4,2 милиони долари

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, е казнет со 50.000 долари за она што НБА го нарече „несоодветен коментар што го доведува во прашање интегритетот на судиите“, објави „ESPN“.
Како што објави новинарот на оваа медиумска куќа, Шамс Чаранија, казната се однесува на коментарите на Грин дадени откако беше исклучен поради шест лични грешки во поразот на неговиот тим од Минесота со 97:102 во третиот натпревар од плејоф серијата.
Грин заработи пет технички и два неспортски фаули во текот на плејофот.
Дрејмонд платил вкупно 992.000 долари казни во текот на својата кариера, од кои 185.000 долари биле за постапки против судии. Покрај тоа, тој изгуби 3,2 милиони долари поради суспензии.
Инаку, Вориуорс, изминатата ноќ беа елиминирани од Минесота во полуфиналето на Западната конференција.
Спорт
(Видео) Мбапе најефикасен дебитант во историјата на Реал

Килијан Мбапе го запиша своето има во историјата на Реал Мадрид.
Синоќа, Реал, по пресврт, ја победи Мајорка со 2:1 и ја одложија прославата на титулата на Барселона за најмалку 24 часа. Францускиот напаѓач го постигна првиот од двата гола за домашниот тим.
Мбапе е во одлична форма на крајот од сезоната, постигна шест гола во последните четири натпревари (три во Ел Класико) и сега има 40 гола во сите натпреварувања во сезоната 2024/25.
Kylian Mbappé WHAT a goal! 🤯 pic.twitter.com/sr3lm6JGV3
— KM (@Kylian) May 14, 2025
Мбапе е првиот играч во историјата на славниот клуб од Мадрид кој постигнал 40 гола во својата дебитантска сезона.
За споредба, Роналдо постигна 33 гола во својата прва сезона (2009/10).
Французинот дојде во Мадрид како слободен играч минатото лето од ПСЖ, а претходно играше за Монако.
Another day, another Kylian Mbappé goal.
That's 40 goals for the season at Real Madrid. ⚽ pic.twitter.com/Vum3tqCL6J
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) May 14, 2025