Контакт

Спорт

„Татковците никогаш не се објективни“

Објавено пред

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, во Азербејџан зборуваше за Јос Ферстапен. Таткото на Макс Ферстапен, јавно ја критикуваше тимската стратегија на трката во Монте Карло.

dobivaj vesti na viber

Холанѓанецот, изјави дека не биле земени во предвид интересите на неговиот син и дека целата стратегија Ред Бул ја направиле во корист на Серхио Перез.

„Татковците никогаш не се објективни. Едноставно, Јос ги нема информациите што ги имаме ние. Секако дека го почитуваме неговото мислење, но овојпат размислуваме поинаку. И јас немам никаков проблем со тоа“, истакна Хорнер.

Шефот на Ред Бул објасни и зошто Перез прв влегол во боксот.

„Многу е јасно. Кај нас прв во боксот оној возач кој во моемнтот е подобро пласиран во трката. Чеко беше пред Макс, тука нема дилема“, вели Хорнер.

Шампионатот во Формула 1 денеска продолжува со тренинзи и квалификации за Големата награда на Азербејџан. Трката е закажана за в недела во 13 часот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Канело го претепа противникот и ја одбрани титулата

Објавено пред

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез ја одбрани титулата во супер велтер категорија. Tој на поени го победи Жермел Шарло.

dobivaj vesti na viber

Канело славеше во Лас Вегас со едногласна одлука на судиите – 119:108, 118:109 и 118:109.

Мексиканецот го нокаутира Шарло во седмата рунда на патот до неговата 60. победа во 64 борби во кариерата.

Прикажи повеќе...

Спорт

Баскиското дерби му припадна на Реал Сосиедад

Објавено пред

Реал Сосиедад го доби дербито на Баскија и го скокна Атлетик Билбао на табелата. Во Сан Себастијан, Сосиедад го победи Атлетик со 3:0.

dobivaj vesti na viber

Баскиското дерби донесе динамичен фудбал, а победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси.

Серијата ја отвори дефанзивецот Ле Норман во 29.минута, кога добро реагираше по центашутот на Меднез.

Вториот дел започна со шансата за Атлетик, која не ја реалзиира Ињаки Вилијамс. Казната следуваше во наредниот напад. Таке Кубо зголеми на 2:0 со својот петти гол оваа сезона.

Точка на натреварот стави Ојерзабал, по одличното додавање на Зубименди.

Сосиедад се искачи на четвртото место со 15 поени, еден повеќе од Атлетик.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Лаутаро шоу во Салерно – Покер голови на Аргентинецот

Објавено пред

Лаутаро Мартинез го врати Интер на делба на првата позиција во Серија А. Аргентинецот го предводеше Интер до шестата победа во седмиот натпревар сезонава. Ги постигна головите во триумфот на Интер кај Салернитана со 4:0 (0:0).

dobivaj vesti na viber

За првиот покер голови во кариерата на Лаутаро Мартинез му беа потребни 27.минути во последната третина од натпреварот. Аргентинецот натпреварот го почна како резерва, на теренот влезе во 54.минута и го започна своето шоу.

Првиот гол го постигна во 62. минута на асистенција на Тирам, а потоа го удвои водството во 77. минута кога Барела му ја додаде топката.

Тој постигна хет-трик во 85. минута кога реализираше пенал, за конечните 4:0 да ги постави во 89. минута кога му асистираше Карлос Аугусто.

Прикажи повеќе...

Најново

ФОТО:Маја Јаневска Илиева ФОТО:Маја Јаневска Илиева
Македонија1 минута

Над 11 илјади натпреварувачи од 53 држави денеска го трчаат скопскиот маратон

Со повеќе од 11.000 натпреварувачи од 53 држави, денеска се одржува 9. издание на Виз Ер Скопски маратон. Покрај маратонската...

Свет57 минути

(Видео) Хаос во Анкара: се слушаат експлозии, има повредени, сите улици се затворени

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека утринава околу 9 часот и 30 минути се случил бомбашки напад...

Македонија2 часа

Токсично млеко и јогурт завршиле во маркетите, а АХВ спие, вели опозицијата

Опозицијата обвинува дека млеко и протеински јогурт со амфлатоксин завршило во маркетите, АХВ спие, се буди само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе...

Економија2 часа

Алатка на Народната банка за споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките

За прв пат граѓаните можат на брз и едноставен начин да направат споредба на надоместоците за платежните услуги кај банките...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва?

Дали Груби ја ветил коцкарската индустрија на Черепот, близок до Пригожин и Москва, мафијаш во притвор?! – прашува ВМРО-ДПМНЕ. „Огласот...

Регион2 часа

Денеска погреб на убиените Срби во Бањска

Тројцата Срби кои минатата недела беа убиени во Бањска, Стефан Недељковиќ, Бојан Мијаиловиќ и Игор Миленковиќ, денеска ќе бидат погребани...

Топ3 часа

Кривична пријава за скопјанецот кој запали стан во Хром за да прикрие убиство

МВР поднесе кривични пријави против две лица од Скопје за “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, на кој им...

Регион3 часа

Лондон повика на дијалог меѓу Белград и Приштина

Државниот министер за Европа во британското Министерство за надворешни работи, Лео Дочерти, изрази задоволство што британските сили ќе придонесат за...

Регион17 часа

Тензиите растат: борбени возила на српската армија во околината на Прокупље, се упатуваат кон внатрешноста на централна Србија

Колона борбени возила на Војската на Србија денеска повторно е забележана, овојпат во околината на Прокупље. Репортерите на српски Курир...

Регион18 часа

(Фото) Проценките достигнаа 5 милијарди евра: Грција ги сумира штетите од разорните поплави

Во Грција се сумираат штетите од разорните поплави што го погодија централниот дел на земјата поради невремето Даниел на почетокот...

Македонија19 часа

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Припадниците на Армијата на Македонија кои се дел од мултинационалните сили на НАТО во Бугарија се на ниво на задачата,...

Македонија20 часа

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски е против Законот за амнестија кој го предлага Владата. „Апсолутно не е соодветно ниту...

Економија20 часа

За доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните давачки во октомври и ноември оти тогаш производството е најголемо, вели Николовски

Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска објасни дека за доматите, краставиците и пиперот не се намалуваат увозните царински давачки во...

Македонија21 час

Меџити: глукомерите се безбедни, отсега нема да доцнат лековите

„Додека сум министер, отсега натаму нема да се случи да доцни тендерирање или јавни набавки за лекови, освен во случај...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ објави документи за токсично млеко и јогурт, бара одговрност од Агенцијата за храна

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција објави документи во врска со информациите дека во Македонија се увезува млеко кое содржи афлатоксин....

Економија23 часа

ЕСМ ги повика потрошувачите да проверат дали објектите се подготвени за грејна сезона, а не кажува дали ќе ги намести цевките под Беласица

ЕСМ ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до...

Македонија24 часа

Заев: време е за нов македонски успех

Екс премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод петгодишнината од референдумот напиша дека 30 септември 2018 година е...

Економија1 ден

Нови цени на горивата

Од денеска малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денари, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95,...

Македонија1 ден

Петровска – Тагaрeв: соработката во одбраната може да биде позитивен пример како да се развиваат односите меѓу двете држави

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Ново Село, Бугарија ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија...

Македонија1 ден

Пендаровски ја додели специјалната награда „Камера 300“ на кинематограферот Шејмус Мек Гарви

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на затворањето на 44. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“...