Спорт
Тебас: Шпанскиот фудбал се срами од молкот на Барселона
Претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас продолжи со критиките кон Барселона и кон нивниот претседател Жоан Лапорта, велејќи дека се срами од молкот на каталонскиот клуб околу случајот со исплатите кон поранешниот претседател на судиската организација во Шпанија, Хозе Негреира.
За случајот веќе има и легален случај во Шпанија, додека на Барселона, ако биде докажан обидот да извршат влијание на судиите, им се закануваат финансиски казни и суспензии во Шпанија и Европа.
„Не ми е јасна позицијата на Барселона. Што повеќе читам толку повеќе сум загрижен. Не знам дали позицијата на претседателот на Барселона ее прикладна. Не се сеќавам кога сме имале ваква криза на репутацијата, не само за Барселона, туку за целиот шпански фубал. Мора да има акција и ако има виновни, да се преземе одговорноста. Ова е еден од најлошите моменти во шпанскиот фудбал. Самата Барселона признава дека имало исплати и тоа не е нормално. Ниту во Шпанија, нту било каде. Срам ми е што уште немаме никакво објаснување од Барселона по толку време. Сметаат дека се жртва, а ако навистина е така, нека излезат и нека ги објаснат работите. Се надевам дека ќе го направат тоа“, вели Тебас.
Тој вели дека нема ништо контроверзно во тоа што Ла лига и лутиот ривал Реал Мадрид се приклучија како странки во обвинението.
„Мадрид го следеше тоа што го направи и Ла лига. Ние ќе се појавиме таму како приватни обвинители, исто како и Мадрид. Тоа е наше и нивно право“, вели Тебас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јасикевичиус го сака Димитријевиќ во Фенербахче
Актуелниот МВП во ВТБ лигата, македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, од наредната сезона веројатно ќе игра во Евролигата.
Кошаркарот на Уникс, со просек од 19 поени по меч, 6,6 асистенции, 3,3 скока и 1,3 украдени топки го обележа регуларниот дел од сезоната во ВТБ лигата.
Според информациите на турските медиуми, Димитријевиќ е на мета Фенербахче. Тренерот Шарунас Јасикевичиус изразил желба да го види Димитријевиќ во својот тим. .
Фенербахче ќе направи реконструкција на плејмејкерската позиција, извесно е дека тимот ќе го напуштат Гркот Ник Калатес и Израелецот Јам Мадар.
Спорт
МЗТ загуби од Спартак Суботица
Фото/ Петр Стојановски/ АБА2
Кошаркарите на МЗТ го загубија првиот полуфинален натпревар во АБА 2 лигата. Вечерва во Скопје, МЗТ доживеа пораз од Спартак 73:78 (15:23, 16:12, 24:17, 18:26).
Лошата игра во првиот дел во кој му дозволија на гостинот апсолутна доминација во скокот го однесе МЗТ во пораз. Спартак, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, преку скокот ја контролираше играта. Одличната секвенца на Војдан Стојановски во финишот на полувремето го доближи МЗТ на само четири поени негатива.
Американецот Гилион одлично го започна вториот дел, со седум поени во низа го врати МЗТ во водство. Се одлепи МЗТ на пет поени (55:50) во финишот на третиот период и тука застана.
Спартак предводен од Гордиќ стекна предност од 10 поени, предност која МЗТ успеа да ја преполови.
Војдан Стојановски со 20 поени, по три скока и асистенции и шест украдени топки го предводеше МЗТ. Двоцифрени беа и Делалиќ со 13, Танасковиќ со 12 и Гилион со 11 поени. Кај Спартак се истакна Гордиќ со 16 поени и шест асистенции.
Реваншот се игра за една недела во Суботица.
Спорт
Катастрофа за Милвоки се повреди и Лилард
Кошаркарот на Милвоки, Демијан Лилард заработил повреда на Ахиловата тетива, објавија сите НБА инсајдери.
Лилард играл последните недели и покрај проблемите со Ахиловата тетива, и ја влоши состојбата во последниот дел од третиот натпревар од првото коло од плеј-офот против Индијана.
Плејмејкерот на Милвоки мора да носи ортопедска чизма и под знак прашалник е за четвртиот меч (понеделник, 01.00 часот) во серијата во која Пејсерси водат со 2:1.
Бакс веќе играат без Јанис Адетокумбо, кој ќе ја пропушти првата рунда, а неговата сезона многу лесно може да заврши доколку Милвоки биде елиминиран.
Во првите три натпревари во плејофот, Лилард имаше просек од 32,3 поени и 5,7 асистенции по натпревар.