Спорт
Тел сака веднаш да го напушти Баерн
Напаѓачот на Баерн, Матис Тел сака по секоја цена да го напушти Баерн Минхен во зимскиот преоден рок.
Тој во последните три натпревари нема одиграно ниту една минута, поради што порбарал од клупските челници да биде продаден, бидејќи тренерот Винсент Компани не смета на него.
Интерес за младиот напаѓач има од повеќе страни. Како прва опција се споменува Челзи, а се зборува и за можна размена со која Кристофер Нкунку би се преселил во Минхен.
Се уште не е дефинирано дали Тел ќе оди на позајмица или ќе биде откупен неговиот договор. Покрај Челзи, интерес за Тел покажаа и Ајнтрахт Франкфурт и Олимпик Марсеј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Светски шампиони во уметничко лизгање меѓу патниците во урнатиот авион
Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се судри со воен хеликоптер во близина на Вашингтон, главниот град на САД, а потрагата по преживеани се уште трае.
Двете летала завршија во реката Потомак, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди тврдењата на руската државна агенција ТАСС дека во авионот се превезувале Евгенија Шишкова и Вадим Наумов, светски шампиони во уметничко лизгање од 1994 година.
„Потврдена е оваа тажна информација. Лоши вести пристигнаа од Вашингтон. Во авионот имаше повеќе наши граѓани“, им рече Песков на новинарите, изразувајќи сочувство до семејствата и пријателите на руските граѓани кои загинаа.
Претставник на локалната полиција изјави за Си-би-ес, дека најмалку 18 безживотни тела биле пронајдени од авионот што полетал од Вичита, Канзас и дека нуркачите пронашле две таканаречени црни кутии.
ТАСС јавува дека меѓу патниците била и Ина Волјанскаја и дека заедно се враќале од тренинг кампот што се одржувал во рамките на американското првенство во Канзас.
Спорт
(Видео) Елмас го стави потписот на договорот со Торино
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас официјално стана член на Торино. Елмас во Торино пристигна од Лајпциг. Германскиот тим го испрати на позајмица до крајот на сезоната. Торино ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор.
Елмас незадоволен од статусот што го имаше кај Марко Росе реши да го нашушти Лајпциг. Во германија тој пристигна пред една година за 24 милиони евра, откако претходно имаше успешни четири сезони во Наполи.
Еламс сезонава за Лајпциг одигра 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.
Во Торино Елмас на грбот ќе го носи бројот 11.
A grande richiesta, Back to Italy! 🇲🇰 pic.twitter.com/NbOj2DreNL
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 30, 2025
Спорт
Лајпциг за 50 милиони евра го откупи Симонс од ПСЖ
Вториот мандат на 21-годишниот Чави Симонс во Пари Сен Жермен дефинитивно заврши, бидејќи Лајпциг го откупи неговиот договор. Холанѓанецот во Лајпциг, на позајмица од ПСЖ пристигна пред 18 месеци.
Крилниот напаѓач потпиша четиригодишен договор со ПСЖ во 2023 година, каде што ја започна својата кариера во 2021 година.
Во сезоната меѓу двата мандати играше за ПСВ Ајндховен, а цела втора сезона ја мина во германскиот клуб, кој сега го откупи неговиот договор за 50 милиони евра, пренесува „Билд“, кој потенцира дека ова е историски трансфер за клубот од источна Германија.
Симонс постигна 15 гола на 60 натпревари за Лајпциг, од кои 12 во Бундеслигата.
Лајпциг оваа сеозна имаше разочарувачки настап во Лигата на шампионите. Клубот на три кола до крајот остана без шанси за пласман во нокаут фазата.
Кога станува збор за домашното првенство, Лајпциг е на петтото место со 32 бода.