Спорт
Тен Хаг: Го сакаме Френки? Не сум знаел!

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, инсистира дека не би имал проблем да заврши преодниот рок за клубот и да не може да ги обезбеди своите први цели вклучувајќи го Френки де Јонг, кој наводно е клучен играч за неговиот план, но тој одбива трансфер од Барселона иако клубот веќе се согласи да даде 63 милиони фунти.
„Ѓаволите“ остануваат сигурни дека ќе го добијат Де Јонг до крајот на преодниот рок, но ја почнуваат сезоната во Премиер лигата со неделниот меч со Брајтон без него и со неизвесна иднина на Кристијано Роналдо.
„Најубаво ќе биде да го завршиме пазарот пред крајот на преодниот рок, но на крајот имам тим и задоволен сум од него. Имаме прогрес со фудбалерите, а и среќен сум од тие што пристигнаа досега. Не ни треба кој било играч, потребен ни е точниот играч. Ако не е така, тогаш е подобро да не потпишуваме со никого. Го сакаме Френки? Не сум знаел. Не можам да коментирам за фудбалери што имаат договор со друг клуб“, вели Тен Хаг.
Тој исто така зборуваше за Роналдо, неговата желба за заминување, како и за ситуацијата во која Португалецот си замина од „Олд Трафорд“ предвреме од пријателскиот меч со Рајо Валјекано во неделата.
„Сакам да посочам дека имаше повеќе фудбалери што заминаа од стадионот, но фокусот е на Кристијано. Тоа не е во ред. Но, јас сум среќен што имаме таков врвен напаѓач. Среќен сум што е со тимот и остануваме со планот. Работиме добро, напорно, културата на однесување е одлична, а Кристијано работи навистина многу“, додава Тен Хаг.
???? “I cannot give comments on players who are under contract who is at another club.”
Erik ten Hag refused to speak about Frenkie De Jong being linked to Manchester United. ???????? pic.twitter.com/BaS8ICY5XC
— Football Daily (@footballdaily) August 5, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал Мадрид по петти пат го освои Суперкупот на УЕФА

Реал Мадрид уште еднаш покажаа дека се „кралеви“ на европскиот фудбал, откако на „Олимпискиот стадион“ во Хелсинки со 2:0 го совладаа шампионот од Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт за да се израмнат со Барселона и Милан со пет титули на Европскиот Суперкуп на УЕФА.
По фантастичната сезона 2021/22 во која ја освоија шпанската круна, и стигнаа до неверојатната 14. европска титула со победа над Ливерпул во финалето, тимот на Карло Анчелоти пристигна во Финска со желба за уште еден трофеј во неверојатната колекција. Против себе го имаа тимот кој лани ги шокираше сите со фантастичниот пат до титулата во Лига Европа, но кој минатиот викенд ја започна сезоната со 1:6 пораз од Баерн Минхен.
По израмнетиот старт на мечот, во кој неколку пати се заканија пред своите помногубројни фанови, Ајнтрахт направи една грешка, која веднаш ја казни Давид Алаба во 37. минута по одличната реакција на Карим Бензема. Во второто полувреме, шпанскиот тим беше поопасен пред голот на противникот, со неколку шанси и со една убава пречка, пред неизбежниот Бензема во 65. минута да го зголеми водството и уште еднаш да ја потврди „кандидатурата“ за „Златната топка“.
Спорт
Барса успеа да „сврти“ дел од навивачите контра Френки де Јонг

Летната „сага“ на Френки де Јонг продолжува, откако дел од навивачите на Барселона го пречекаа холандскиот репрезентативец на денешниот тренинг на клубот со навреди и со извици: „Намали ја платата, кучко“, објавува шпанскиот „Диарио спорт“.
Оваа доаѓа по вестите дека Барселона побарала од Холанѓанецот да се откаже од договорот потпишан во времето на претходниот претседател на клубот, Жозеп Марија Бартомеу поради „нелегалности“, по што тој одговори со ангажирање на адвокати сомневајќи се дека Барселона сакаат да му го нарушат угледот.
Барселона наводно уште пред речиси два месеци се договори со Манчестер јунајтед за неговиот трансфер, но тој одбива да си замине. Сега, пак, последните вести ги поставуваат Челси како главни фаворити за неговиот потпис.
#FCB????????
???? Graves insultos a Frenkie De Jong a su llegada a la Ciutat Esportiva
????️ ¡Bájate el sueldo, p****!
???? @DBR8 pic.twitter.com/Kq8L0SGQKP
— Diario SPORT (@sport) August 10, 2022
Френки де Јонг најмил адвокати за притисокот што му го прави Барселона
Спорт
Галијани: Ни треба брегзит во фудбалот, но без англиските клубови

Поранешниот генерален директор на Милан, Адријано Галијани ја поддржа европската Суперлига, оценувајќи дека на фудбалскиот свет му е потребен брегзит, но без англиските клубови, бидејќи другите лиги не можат да се натпреваруваат со парите кои се даваат во Премиер лигата.
Сега како директор на новиот италијански прволигаш Монца, Галијани смета дека Суперлигата и покрај неуспешниот обид на 12 клуба во април минатата година, останува валиден проект споредувајќи го со излегувањето на Велика Британија од Европската Унија.
„Премиерлигашките клубови заработуват четири пати повеќе пари од тие во Серија А. Монца добива 33 милиони евра од ТВ-правата, и три милиони треба да ги дадеме на Серија Б. Нововлезен премиерлигаш добива 160 милиони евра. Како можеме ние да се споредуваме со Нотингем форест? И како да ја сопреме ова тенденција? Потребен ни е ‘Брегзит’ во фудбалот. Кој ги тера Британците да даваат 4 милијарди евра, и секогаш да имаат полни стадиони? Затоа би имале вистински европски шампионат, без Англичаните“, вели Галијани за „Тутоспорт“.
Јувентус, Барселона и Реал Мадрид остануваат посветени на проектот за Суперлигата и покрај откажувањето на деветте други клубови (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Арсенал, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Интер и Милан).