Спорт
Тен Хаг ќе има 200 милиони фунти за засилувања, 12 фудбалери заминуваат!
Ерик Тен Хаг се наоѓа пред сличен предизвик како сер Алекс Фергусон во 1986 година – да изгради нов Манчестер јунајтед, со значителен фонд за засилувања (200 милиони фунти според англиските медиуми) и со дури 12 фудблери на излезната врата од „Олд Трафорд“.
Катастрофалниот 4:0 пораз од Ливерпул во вторникот најдобро ја покажа големината на задачата на Тен Хаг, кој ќе стане петтиот постојан менаџер на „ѓаволите“ по пензионирањето на Фергусон во 2013 година. Слично како Фергусон пред 40-ина години, Тен Хаг ќе мора да го смени менталитетот на клубот и да почне речиси од нула.
Пол Погба, Немања Матиќ, Џеси Лингард, Единсон Кавани, Хуан Мата и Ли Грант остануваат без договори во текот на летото и ниту еден од нив нема да биде задржан. Но, уште шест фудбалери може да очекуваат заминување – Арон ван Бисака, Ерик Баи, Фил Џонс, Алекс Телес, Антони Марсијал и Маркус Рашфорд.
На Фергусон му беа потребни четири години да стигне до првиот трофеј и во клубот, со новиот извршен директор Ричард Арнолд, се свесни дека и на Тен Хаг би му било потребно исто време. Се верува дека главна цел летово ќе бидат Хери Кејн и Деклан Рајс, со поевтини опции, како Дарвин Нуњез од Бенфика и Рубен Невеш од Вулверхемптон.
52-годишниот Тен Хаг, по сите успеси со Ајакс, сега се наоѓа пред најголемиот предизвик во кариерата – или ќе стане легенда на „ѓаволите“ или ќе биде уште еден во листата на тренери што се сопнале од преголемите очекувања. Холанѓанецот со кратка изјава ги кажа амбициите.
„Голема чест е да се биде поставен за менаџер на Манчестер јунајтед и возбуден сум од предизвикот што е пред нас. Ја познавам историјата на големиот клуб и страста на навивачите и апсолутно сум посветен да развивам тим кој е способен да го носи успехот што го заслужува“, вели Тен Хаг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Американките во драматично финале го освоија олимпиското злато
Поделени се медалите на женскиот хокеарски турнир, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. САД го освоија златото со победа од 2:1 над Канада во финалето по продолжение. Швајцарија ја освои бронзата.
Како и во претходните три, САД и Канада се сретнаа и во ова финале. И приредија спектакл. На крајот, сè беше решено во продолжението.
Херој на третото злато за Американките беше Меган Келер. Таа го постигна победничкиот гол во петтата минута од продолжението.
Но, Канада има многу за жалење. Водеше од почетокот на вториот период со голот на Кристин О’Нил, па сè до две минути пред крајот. А потоа Хилари Најт, на асистенција на подоцнежната хероина Келер, постигна гол за 1:1 и продолжение. Во кое Келер погоди за голема победа.
И Швајцарија забележа голема победа. За третото место, ја поразија Шведска, исто така по продолжение, со 2:1, и со тоа Швајцарките го освоија својот прв олимписки медал по 12 години.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Звезда победи во Лил, Штутгарт го декласира Селтик
Фудбалерите на Лудогорец ја спасија честа на домашните тимови во Лига Европа. Во првите осум натпревари, шест победи забележаа гостите, само Лудогорец победи на домашен терен, а Панатинаикос успеа да извлече реми.
Изненадувањето на вечерта го направи Црвена звезда со победата во Лил. Српскиот првак победи со голот на Тебо Учена во првата минута од надополнувањето на времето во првото полувреме.
Црвено-белите доминираа против Лил и само можат да жалат што победата не е изразена со повеќе голови разлика.
Инаку, Црвена звезда ја забележе првата победа на француска почва, во својата историја. Во претходните девет гостувања, црвено-белите имаа две нерешени и седум порази.
Селтик доживеа тежок пораз од Штутгарт (1:4). Во првото полувреме се истакна Мароканецот Билал Ел Ханус, кој игра за Штутгарт како позајмен играч од Лестер Сити.
Прво, во 15-та минута, искористи „бразилска“ асистенција со петицата на Денис Ундав, а во 28-та минута реагираше добро по центаршутот на Анџело Стилер и, заборавен од домашните играчи, повторно го совлада ветеранот на Селтик, Каспер Шмајхел.
Помеѓу двата гола на Штутгарт, Бенџамин Нигрен ја искористи конфузијата во одбраната на „Швабите“.
Сепак, во вторите 45 минути, Германците беа уште поубедливи.
Првиот, со прецизен удар на Џејми Левелинг, а потоа Тијаго Томас го постави конечниот резултат на крајот од натпреварот.
Лудогорец е единствениот тим што победи на домашен терен. Шампионот на Бугарија се сретна со Ференцварош во Раздград и победи со резултат од 2:1 (1:1).
Домашниот тим поведе со голот на Кванд Ду, Деле израмни за Унгарците.
Победата за Лудогорец ја донесе Шпанецот Сон во 67-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Меншик го победи Синер
Чешкиот тенисер Јакуб Меншик го победи Јаник Синер во четвртфиналето на турнирот во Доха.
Меншик славеше по два часа и 13 минути борба, со 2-1 во сетови – 7:6(3), 2:6, 6:3.
Ова е втората најголема победа во неговата кариера, откако го победи Новак Ѓоковиќ во финалето во Мајами минатата година.
За 20-годишниот Чех, ова беше прв дуел со Синер во кариерата, а првото полуфинале во Доха, ќе му го донесе и 13-то место на АТП листата.
Foto/ EPA

