Спорт
Тен Хаг „удри“ по Роналдо: Такво однесување е неприфатливо!
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, смета дека однесувањето на Кристијано Роналдо е „неприфатливо“, откако Португалецот си замина пред крајот на последниот пријателски меч против Рајо Валјекно во неделата.
Роналдо беше стартер на мечот против Рајо на „Олд Трафорд“, но беше заменет на полувремето од Амад Дијало, по што беше забележан како си заминува од стадионот во друштво на Диого Далот пред тој да биде завршен. Иако, неофицијално првите луѓе на клубот не гледаа проблем во ваквиот гест, Тен Хаг открива дека фудбалерите немале дозвола да си заминат.
„Секако не, тоа е неприфатлiво! За сите. Им го кажав тоа. Ние сме тим и си одиме заедно. Секогаш се останува до крајот на мечот, без разлика дали играш“, вели Тен Хаг за холандскиот „Виплеј спорт“.
Јунајтед и Тен Хаг инсистираат дека Роналдо не е на продажба, но шпекулациите за неговото инсистирање дека мора да го пуштат да си оди остануваат, со враќање во Спортинг Лисабон како најверојатна опција по неуспешните обиди да биде продаден на ПСЖ, Челси и Баерн Минхен. Сепак, коментарите на Тен Хаг јасно зборуваат за раздор во тимот, откако претходно британските таблоиди објавија дека тој сигурно нема да биде меѓу стартните 11 на почетокот на премиерлигашката сезона против Брајтон.
ten Hag telling us that players leaving Old Trafford at Halftime vs Rayo Vallecano was «unacceptable” https://t.co/772VsZrcD5
— Jan Aage Fjørtoft ????️???? ???????? ???????? (@JanAageFjortoft) August 3, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Жоржињо останува во Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Жоржињо го продолжи договорот со клубот.
Арсенал не прецизираше детали од договорот, се работи за краткорочен договор, а британските медиуми објавија дека договорот е продолжен за уште една сезона.
32-годишниот италијански играч за врска се пресели од Челзи во Арсенал минатиот јануари и стана важен играч во тимот на Микел Артета.
Оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, а единствениот гол го постигна против Ленс во Лигата на шампионите.
Спорт
Ливерпул ја одредил цената за Дарвин
Дарвин Нуњез неодамна ги шокираше навивачите на Ливерпул со тоа што на Инстаграм ги избриша сите свои фотографии во дресот на клубот. За многумина Ургваецот со овој потег го најавил своето заминување од „Енфилд“.
Шпанските медиуми тврдат дека Нуњез ќе го апушти клубот во летниот преоден рок. Овие извори не ја исклучуваат можноста тој да ја засили Барселона. Наводно и ЛИверпул веќе ја одредил цената за напаѓачот.
Нуњез пристигна во Ливерпул во сезоната 2022/23, за клупски рекорд од 85 милиони евра. Со бонусите трансферот може да дојде и до 100 милиони евра. Уругваецот потпиша договор до летото 2028 година.
Сумата за која Ливерпул би бил подготвен да се откаже од Нуњез е 85 милиони евра.
Барселона во моментов ги нема тие пари, но би можела да ги заработи со прдожбата на неколку играчи во преодениот рок.
Спорт
Феникс Санс го отпушти Франк Вогел
Феникс Санс го отпуштија тренерот Френк Вогел, 11 дена откако беа поразени во првото коло од плеј-офот од Минесота.
„По внимателен преглед на сезоната, заклучивме дека ни треба поинаков тренер за нашиот тим. Ја цениме напорната работа и посветеноста на Френк“, рече генералниот директор на Санс, Џејмс Џонс.
Вогел ја плати цената за катастрофалната серија на Санс во плејофот, бидејќи тие беа поразени од Минесота со 4:0.
Феникс забележа 49 победи во регуларниот дел од сезоната, но сето тоа пропадна со раната елиминација во НБА плејофот.
Вогел на почетокот на сезоната дојде во тимот од Аризона, а претходно работеше со Лејкерс, Орландо и Индијана.
Поранешниот тренер на Милвоки Бакс, Мајк Буденхолцер, како што тврди ЕСПН е најсеризен кандидат за нов тренер на франшизата од Аризона.