Спорт
Тен Хаг: Уживам во натпреварите против Мурињо

Фудбалерите на Манчестер јЈунајтед во четврток ги очекува тешко гостување во Лига Европа, во Истанбул.
Противник им е Фенербахче, на чие кормило е поранешниот менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо.
„Ова е голем натпревар за двата тима. Уживам во соочувањето со Мурињо и играњето против неговите тимови. Тој секогаш има добри тимови, тој е победник и има освоено многу трофеи. Тој е пример за многу менаџери”, вели Тен Хаг.
Манчестер јунајтед во саботата со пресврт го победи Брентфорд со 2.1 во Премиер лигата и ја прекина серијата натпревари на кои немаше победа.
„Духот во тимот отсекогаш бил висок, но дефинитивно расположението е подобро по победата. Сите во тимот имаат големи очекувања, затоа мора да победиме. На секој натпревар треба да ја покажеме таа решителност“, изјави стратегот на Јунајтед.
По две кола во Лига Европа, неговиот тим има две нерешени средби, додека Фенербахче има победа и реми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Винисиус: Реал одлучи да не одам на доделувањето на Златната топка

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор ги откри причините за неговото отсуство на церемонијата кога беше доделена Златната топка за 2024 година.
Винисиус, еден месец пред закажаната церемонија фигурираше како главен фаворит, а една недела пред доделувањето на наградата сите го прогласија за најдобар играч во светот.
Студен туш го стигна на денод на доделувањето на наградата, кога Реал добил информации дека најпрестижната индивидуалната награда во светото на фудбалот ќе му припадне на играчот на Мачестер сити, Родри.
Оваа информација толку многу го налути првиот човек на Реал, Флорентино Перез, кој и ја врати делегацијата аеродромот во Мадрои.
Луѓето гласаат според сопственото убедување. Неможев да поверувам дека ќе ја освојам Златната топка. Кога си толку блиску, веруваш во тоа, ќе имам уште многу шанси. Веќе имам две титули во Лигата на шампионите, тука сум да освојам уште многу“, рече Винисиус и додаде:
„Го правам она што клубот ми го кажува и клубот ме замоли да останам во Мадрид“.
Винисиус го очекува натпревар против Атлетико Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите (вторник, 21:00 часот).
Оваа сезона има 17 гола и 12 асистенции на 35 натпревари во сите натпреварувања.
Спорт
Симеоне и Анчелоти си поделија комплименти пред дербито во ЛШ

Градското дерби, наречено „Мадрилењо“, сигурно е најпривлечниот двомеч во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра утре на „Бернабеу“, домот на Реал Мадрид.
Во пресрет на натпреварот, тренерите Диего Чоло Симеоне и Карло Анчелоти, си поделија комплименти на прес конференциите.
„Ќе биде спектакл за Мадрид, за градот, го имаме овој натпревар каде Реал Мадрид игра против Атлетико Мадрид. Спектакл и за Шпанија, бидејќи тоа значи дека шпански тим дефинитивно ќе биде во четвртфиналето и тоа е добро. За сите нас кои ќе учествуваме во натпреварот, треба да уживаме во него, апсолутно да уживаме. Ова е исклучително важен натпревар против ривал кој многу го почитуваме, подготвени сме на се“, вели Симоне и додава:
„Отсекогаш сум гледал на Барселона и Реал поради нивната историја и тоа не се смени никогаш. Историите на тие два клуба се неверојатни. А ние растеме на еден чист начин, тоа е прекрасно“, рече тренерот на Атлетико.
Атлетико е непоразен во седум последователни дербија со Реал Мадрид, а тимот на Симеоне моментално е во серија од десет натпревари без пораз во сите натпреварувања, односно има само еден проаз на последните 26 натпревари.
„Се сеќавам (зборува за Чоло Симеоне) дека постигна гол за Лацио против Јувентус. Се бореа за титулата, Лацио победи и стана шампион. Мислам дека беше 2000 година. Имам голема почит кон него како тренер. Тој е одличен! Го крена Атлетико до највисокото ниво во Европа. Ми се допаѓа начинот на кој ги чита натпреварите, го води тимот, а исто така и како неговиот тим изгледа дефанзивно поради стратегијата “, изјави Анчелоти и додаде.
„Дербито е секогаш исто, тоа е посебен натпревар по емоции и притисок. Така ќе биде и утре. Ќе биде тесно и изедначено, одлуката ќе падне во реваншот. Наша цел утре е да одиграме добро, да создадеме предност, но не размислуваме колку ќе биде голема наа предност“.
Спорт
Лауреус ги објави номинациите за спортист на годината

Објавени се номинациите за наградата Лауреус, која традиционално се доделува на најдобрите светски спортисти од претходната година.
Во потесниот круг се најдоа Тадеј Погачар, словенечки велосипедист, Карлос Алкараз, шпански тенисер, Арман Дуплантис, шведски атлетичар, Леон Маршанд, француски пливач и Макс Ферстапен, холандски Формула 1 возач.
Кандидати за престижната награда кај дамите се: гимнастичарката Симон Бајлс, фудбалерката Ајтана Бонмати, тенисерката Арина Сабаленка и атлетичарките Сифан Хасан, Фејт Кипјегон и Сиднеј Меклафлин.
Лауреус, поради допинг скандалот, минатата недела ја повлече номинацијата на италијанскиот тенисер Јаник Синер.