Спорт
Тенисерка од БиХ суспендирана на шест години поради наместени натпревари

Поранешната тенисерка од Босна и Херцеговина, Јасмина Тињиќ, е суспендирана од тенисот на шест години бидејќи признала дека местела натпревари, соопшти Меѓународната агенција за тениски интегритет.
Јасмина Тињиќ (33), која во 2013 година беше 236. на ВТА листата, призна дека местела натпревари во 2017 и 2018 година.
Обвиненијата против неа вклучуваа „поправање на исходот од натпреварите, олеснување на обложувањето, примање пари во замена да не го дава најдоброто од себе на натпреварите и не пријавил контакт во врска со корупција“.
За потсетување, таа веќе доби забрана за играње тенис на четири и пол години во Шведска, поради истрагата за наместени натпревари таму.
Нејзината суспензија треба да истече на 17 мај 2028 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
УЕФА ќе менува правила во Лигата на шампионите

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) се подготвува да воведе три нови правила во Лигата на шампионите.
Оваа сезона Лигата на шампионите наместо во групна фаза првпат се играше во нов лигашки формат со 36 екипи, а иако се уште трае нокаут-фазата, се подготвуваат нови правила за претстојната сезона.
Германскиот таблоид „Билд“, наведува дека имал пристап до документацијата на УЕФА и дека следната сезона ќе стапат на сила три нови правила кои можат значително да го променат натпреварувањето.
Дефинитивно се ќе биде решено на 30 мај на голем состанок, а еве што се менува:
1. Серии од пенали наместо продолженија
Укинувањето на класичното дополнително време од 30 минути би било исклучително популарно кај голем број фанови. Во случај на нерешено, веднаш би се изведувале пенали.
2. Предност на домашен терен за најдобро пласираните
Како и во кошарката, подобро пласираните екипи би ја имале предноста на домашниот терен, тоа е правило кое би можело да заживее од следната сезона.
Екипите кои би обезбедиле Топ 8 по групната фаза од лигашкиот дел би имале предност на домашен терен во четвртфиналето и полуфиналето во зависност од позицијата.
Моментално ова правило важи само за осминафиналето, по кое има ждрепка.
3. Повторно воведување на правилото „заштита на државите“
Клубовите од иста земја можеа да играат еден против друг уште од плејофот, но и тоа може да се промени.
УЕФА размислува да го врати стариот систем од следната сезона, каде тимовите од иста земја би можеле да се сретнат само во подоцнежните фази од Лигата на шампионите.
Спорт
Погребот на папата в сабота ги одложи натпреварите во Серија А

Поради погребот на папата Франциск, кој ќе се одржи во сабота на 26. април, одлучено е тој ден да не се играат натпревари од италијанската Серија А.
Според распоредот требаше да се одиграат три натпревари од 34.коло: Комо – Џенова, дербито Интер – Рома и Лацио – Парма.
Се уште не е потврдено, но италијанските медиуми навестија дека натпреварите Комо-Џенова и Лацио-Парма ќе се одиграат в недела или понеделник.
Останува непознато кога на теренот ќе излезат фудбалерите на Интер и Рома, бидејќи проблем е првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, кој Интер ќе го игра против Барселона на 30 април во Шпанија.
На табелата во Серија А водат Интер и Наполи. Двата клуба имаат по 71 бод.
Спорт
Љаиќ: Ништо не е спорно, Партизан ќе добие УЕФА-лиценца

Членот на привремената управа на фудбалскиот клуб Партизан, Расим Љајиќ, за „Спорт клуб“ изјави дека клубот ќе добие лиценца од УЕФА за настап во европските купови, наредната сезона.
УЕФА го одби Партизан, поради неисполнетите обврски кон пораншениот фудблер Никола Антиќ. Фудбалерот минатото лето од Партизан се пресели во Казахстан.
„Нема ништо спорно. Партизан во текот на денот ќе му достави распоред за отплата на долгот на Никола Антиќ на 15 рати. А тоа е последниот документ неопходен за добивање лиценца“, најави Расим Љајиќ.
Сепак…
„Има уште еден дел за кој во овој момент нема договор со претставниците на поранешниот фудбалер на нашиот клуб. Ќе разговараме и на таа тема, има две опции: договор, или суд. Во овој момент тоа е тотално неважна работа за одлуката за добивање лиценца од УЕФА, рече Расим Љајиќ и порача:.
„Партизан ќе игра во Европа, без сомнение!
Постапката за лиценцирање за европските натпреварувања ја спроведува и Фудбалскиот сојуз на Србија преку надлежната комисија.