Спорт
Тениските ѕвезди играа баскет во Задар, Алекс Зверев е МВП!
Пред утрешното отворање на втората станица од тениската „Адрија турнеја“ на Новак Ѓоковиќ, тениските ѕвезди имаа една партија баскет, во која најмногу се истакнал Германецот Александер Зверев.
На теренот во халата „Крешимир Ќосиќ“ играа Ѓоковиќ, Зверев, Марин Чилиќ, Горан Иванишевиќ и Борна Чориќ покрај дел од кошаркарите на КК Задар.
„Во првото полувреме имавме 0 од 24 за два поена и 0 од 15 за тројки, така што тоа треба да се избрише. Во второто бевме подобри. МВП беше Зверев, кој дури и забиваше. Григор Димитров е најборбен, а Борна е најдобар асистент. Не беше лошо“, вели Ѓоковиќ.
Last week football, today basketball. @DjokerNole @GrigorDimitrov @AlexZverev @borna_coric @cilic_marin @AdriaTennisTour @kkzadar ?⚽ #NoleFam
?: novak.djokovic__fp pic.twitter.com/bwc4l8TNeH
— #AlwaysProudOfNovak (@Slavica_NoleFam) June 18, 2020
— Borna Coric fan (@Bornacoricfan) June 18, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

