Спорт
Тепачка на мечот Остин-ЛА – Кјелини ги смири „завојуваните“ страни

Фудбалерите на Лос Анџелес синоќа беа поразени на гостувањето кај Остин со 4:1.
Лос Анџелес е еден од главните фаворити за освојување на МЛС оваа сезона, но тимот преполн со ѕвезди претрпе тежок пораз на гостувањето во Остин.
Сепак, деталот кој го обележа натпреварот се случи во 38. минута од натпреварот на теренот се случи општа тепачка.
Се започна кога Муриљо го турна Урути, кој реши да возврати и го згазна дефанзивецот на гостите, а судијата му прогледа низ прсти и му покажа само жолт картон.
Сепак, по потегот на Урути настана тотален хаос на теренот, дојде до тепачка меѓу играчите на овие тимови, а она што е најинтересно е што Џорџо Киелини беше миротворец во оваа ситуација.
На крајот страстите се смирија, но на многумина им е чудно што никој од играчите на Остин и Лос Анџелес не доби црвен картон во оваа ситуација.
Што точно се случи во 38. минута од натпреварот Остин – Лос Анџелес можете да погледнете на видеото подолу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лосон разочаран од одлуката на Алфа Таури

Лиам Лосон, резервниот возач на Алфа Таури, призна дека е разочаран од одлуката на тимот, Даниел Рикардо и Јуки Цунода да возат за овој тим и следната година.
Младиот Новозеланѓанец на пет трки годинава го замени Рикардо во болидот, кој ја скрши раката, а трката во Катар ќе му биде последна сезонава во најбрзиот вагон.
„Секако дека сум разочаран, бидејќи мојата цел е постојано да бидам во Формула 1. Сепак, и покрај тоа, мотивиран сум да си обезбедам безбедно место меѓу најдобрите возачи на денешницата“, изјави Лосон.
Својот најдобар пласман Лосон го постигна во Сингапур, каде беше деветти и ги освои првите два бода. Со нетрпение ја очекува трката во Катар.
„Патеката е одлична. Има само еден бавен свиок, се друго се вози во најмалку четврта брзина. Се надевам на добра трка“, изјави Лосон.
Трката за Големата награда на Катар ќе се вози во недела на 8 октомври.
Спорт
Милевски го објави спискот за натпреварот со Украина – Повик не добија Несторовски, Велковски и Бабунски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица.
Благоја Милевски за овие натпревари натпревари нема да смета на Илија Несторовски, Доријан Бабунски и Дарко Велковски кој сѐ уште нема клуб. Дефанзивецот Ѓоко Зајков не е на спиското поради повреда.
Во националниот тим, по долгото отсуство поради болест се враќа Дарко Чурлинов.
„Ова се фудбалерите кои беа и на претходниот собир. Сега со нас ќе биде и Дарко Чурлинов кој заигра за тимот до 23 години на Барнли. Ме радува фактот што е подготвен да се приклучи на репрезентацијата. Жал ми е што Зајков нема да е со нас. Разговарав со Доријан Бабунски, тој не е на списокот, што не значи дека нема да биде за следните собири.
Разговарав и со Илија Несторовски. Тој исто така не е повикан за овие натпревари од причина што сосема поинаква ни е тактичката замисла за двата натпревари. Несторовски има дадено многу за оваа репрезентација и покажуваме почит кон него со тоа што не праќаме покана колку само да биде овде, а без намера да го користиме“, рече селекторот и потоа направи мала анализа на она што ги очекува фудбалерите против Украина.
„Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч“.
Украина ќе ја пречека Македонија на стадионот, на Спарта во Прага. Дуелот на 14 октомври ќе започне во 15 часот. Три дена подоцна Македонија во пријателски натпревар ќе игра против Ерменија.
Фото/ Игор Паневски Извор/ФФМ
Спорт
Лидери во Бразил, а го отпуштија тренерот

Чуден потег повлекоа челниците на Ботафого, актуелниот лидер во бразилското првенство.
Тие решија д го отпуштат португалскиот стручњак Бруно Лаж, во момент кога имаат седум бода повеќе од второпласираниот Брагантино.
Црно-белите од Рио се без победа во претходните пет натпревари, а три загубија од последните четири првенствени натпревари.
„И покрај одличниот старт, резултатите во претходниот период не се онакви какви што очекувавме. Благодарност до Бруно и неговиот тим за се што направија во изминатите неколку месеци. Му посакуваме многу успеси во иднина“, се вели во соопштението на клубот.
Во својата историја, Ботафого само два пати бил шампион на Бразил, во 1968 година и последен пат во 1995 година.