Спорт
„Тепачка“ на тренингот на Белгијците
Сите се прашуваат зошто Белгијците играат под сите очекувања и не изгледаат како целина на овој Мундијал, а одговорот доаѓа од најновиот тренинг на „црвените ѓаволи“.
На него се случила физичка пресметка меѓу Кевин де Брујне, Еден Азар и Јан Фертонген. Не биле разменети „тупаници“, но имало туркање и некои остри зборови, пренесува белгиски „РТЛ“.
Ромелу Лукаку беше човекот кој ја разделил „завојуваната“ група, но тензиите остануваат.
Белгиските медиуми пишуваат за лоши односи во репрезентативниот табор. Селекторот Роберто Мартинез неодамна призна дека ситуацијата во соблекувалната не е најдобра, па токму тука се наоѓа клучот за проблемот кој е видлив на теренот.
Тибо Куртоа и Кевин де Брујне не разговараат со години, а причината е што поранешната девојка на ѕвездата на Сити реши да го изневери со голманот на Реал. Мичи Батшуаји и Ромелу Лукаку не се во добри односи, исто како и Еден Азар и Леандро Тросар. Тоа е премногу за секој тим.
Белгијците освоија три бода на Светското првенство во Катар тесно победувајќи ја Канада со голот на Мичи Батшуаји. Во второто коло беа поразени од Мароко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ ги откри плановите за наредната сезона
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги објави плановите за почетокот на наредната сезона. Актуелната веќе ја заврши, откако го откажа учеството на завршниот Мастерс, турнир на кој победи седум пати во кариерата.
Ѓоковиќ на тенисот ќе му се врати на почетокот на јануари наредната година, пред Австралија опен. Останува да одлучи на кој турнир ќе настапи.
„Ќе играм во првата недела од сезоната, не сум одлучил каде точно“, откри Ѓоковиќ во интервју за „Спортклуб“.
Потенцира дека не размислува да стави крај на кариерата и покрај тоа што не игра во финишот на сезоната. Ѓоковиќ покрај завршниот Мастерс го пропушти и Мастерсот во Париз.
„Тенисот е сè уште ми е во фокусот. Сега одиме на сериозни подготовки, па одново. Само требаше малку да се освежам по оваа година“, истакна Новак и додаде:
„Ги знаете целите. Тоа веќе ви го кажав илјада пати во интервјуата. Грен слем турнирите се мојата цел, а потоа би сакал да го играм и Дејвис купот, ќе видиме што ќе се случи“.
Спорт
(Видео) „Волците“ за една четвртина го декласираа Чикаго, Милвоки ја прекина лошата серија
Три натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата. Милвоки ја прекина низата од шест порази, Минесота во последната четвртина ги прегази Чикаго Булс, а Сан Антонио без тренерот Грег Поповиќ го победи Портланд.
Милвоки, во Чикаго ја добија последната четвртина со 45:24 за конечен триумф 135:119. Блескаше Ентони Едвардс со 33 поени, осум скока и шест асистенции, Џулиус Рендл забележа 22 поени и десет скока, Руди Гоберт 21 поен и девет скока, Џејден МекДаниелс постигна 19 поени. Кај Чикаго се истакнаа Никола Вучевиќ со 25 поени и пет скока и Коби Вајт со 24 поени.
Милвоки Бакс славеа победа против Јута Џез со 123:100.
Ова е само втора победа за Бакс сезонава, а моментално се на скор од две победи и шест порази. .
Од друга страна, Јута Џез не еден од најлошите тимови во лигата, има само еда победа во првите девет натпревари.
Демијан Лилард и Јанис Адетокумбо ги предводеа Бакс. Лилард постигна 34 поени со седум асистенции, а Јанис забележа дабл-дабл со 31 поен и 16 скока.
Сан Антонио Спарс славеа над Портланд Трејл Блејзерс со 118:105. Осум кошаркари на Спарс беа двоцифрени. .
Бранхам и Џонсон постигнаа по 17 поени, а потоа следуваа Касл, Шампањ и Колинс со по 14 поени. Виктор Вембањама постигна 12 поени.
Спорт
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Перу
Перуанската полиција го уапси претседателот на Фудбалскиот сојуз на Перу, Агустин Лозано, како дел од истрагата за измама, изнуда, перење пари и други кривични дела.
Од 2018 година, Лозано е вториот претседател на Перуанската федерација кој е уапсен, откако неговиот претходник беше под истрага за наводна вмешаност во две убиства. Подоцна тој беше ослободен од обвиненијата.
Со лисици на рацете, Лозано беше спроведен до полициско возило пред неговата куќа во Лима, во присуство на неколку новинари. Тој вети дека ќе ги расчисти сите недоразбирања и побара од јавноста да не му суди пред време.
Покрај него, уапсени се уште шест лица. Обвинителот кој го надгледувал случајот за локалното радио изјавил дека Лозано е под истрага повеќе од една година. Иако тој не беше кривично обвинет, властите наредија негово апсење бидејќи веруваа дека тој може да избега или да ја попречува истрагата.
Лозано и претходно имал проблеми со законот, во 2023 година обвинителите побараа негово апсење како дел од истрагата за проневера од периодот кога тој беше градоначалник на градот Чонгојапа.