Спорт
Тер Штеген во војна со Барселона – намерно објави лажни детали за својата операција
Тензиите меѓу Барселона и германскиот голман Марк-Андре тер Штеген продолжуваат. Барселона веќе некое време се обидува да се ослободи од германскиот голман, а на неговата позиција го потпиша Шпанецот Џоан Гарсија, а договорот со Војчех Шченсни беше продолжен.
И покрај притисокот од клубот, Тер Штеген одби да ја напушти Барселона, а сега, со својот последен потег, дополнително ја влоши ситуацијата.
Во официјалното соопштение за претстојната операција, Тер Штеген изјави дека ќе биде надвор од терените три месеци. Оваа информација е клучна, бидејќи според правилата на Ла Лига, повредата не се смета за долгорочна ако закрепнувањето е пократко од четири месеци.
Затоа, Барселона не може да ја ослободи неговата висока плата од буџетот за да ги исполни правилата на финансискиот фер-плеј.
Според информациите од шпанските медиуми, медицинската служба на клубот има поинаква проценка. Тие веруваат дека закрепнувањето, со оглед на тоа што станува збор за повторена повреда во веќе оперирана област, ќе трае помеѓу четири и пет месеци.
Ова соопштение само покажува дека голманот е во „војна“ со клубот, велат тие. Доколку закрепнувањето на Тер Штеген се проценува на четири месеци, клубот би можел да искористи 80% од неговата плата, една од највисоките во тимот, за да потпише нови засилувања како Џоан Гарсија и Маркус Рашфорд.
Поради сето ова, Барселона се најде во необична ситуација. Моментално, единствениот голман достапен за првиот натпревар од сезоната против Мајорка на 16 август е Ињаки Пења.
Засилувањата на голот Џоан Гарсија и Војчех Шченсни сè уште не се регистрирани бидејќи клубот нема место во буџетот за плати. Тренерот Ханси Флик затоа беше принуден да го земе Пења на азиска турнеја и привремено да го запре неговото планирано заминување од клубот.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

