Спорт
Тер Штеген ги нападна државните медиуми: Вие сте лажговци
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген е во центарот на вниманието на медиумите во Шпанија, но овојпат причината не се неговите голмански квалитети.
Германскиот интернационалец остро реагираше на социјалните мрежи на шпекулациите дека разводот е резултат на неверството на неговата сопруга Даниела.
„Почитувани,
Шокиран сум и разочаран од лошото водење и недостатокот на контрола во „Catalunya Ràdio&Grupo 3Cat“, кои шират лажни вести и ги кршат личните права. Новинарите Џулијана Кејн, Роџер Карандел и Марта Монтанер се лажговци кои објавија лажни вести, јавно навредувајќи ја мојата сопруга Даниела и сериозно нарушувајќи ја нејзината репутација.
Немаше неверство од страна на Даниела. Нема трета страна. Тоа е факт. Како што најавивме, Данијела и јас решивме да тргнеме секој по свој пат, одржувајќи комуникација заснована на доверба. Целосно е неприфатливо државните медиуми да го објавуваат ова, лажно да ја обвинуваат Даниела и лично да ја напаѓаат. Штетата е непоправлива“, наведе Тер Штеген.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

