Спорт
Тери: Мразев да играм против него

Џон Тери, еден од најдобрите дефанзивци во истријата на премиер лигата, на „Твитер“, објави дека со задоволство ги гледа снимките од головите на Тиери Анри.
„Каков играч. Мразев да играм против него“, напишал еден од најдобрите одбранбени играчи в својата генерација.
Тери дополнил дека сите млади напаѓачи би требало да гледаат како играл легендарниот Анри за да можат да научат работи кои ќе им бидат корисни.
Анри најуспешниот дел од кариерата (1999-2007) го мина во Арсенал. За клубот од северен Лондон има постигнато 226 гола.
Just watching Thierry Henry goals ⚽️
What a player , I hated playing against him. ??
Any young strikers out there please watch his goals ⚽️ pic.twitter.com/LJm6Izjrib— John Terry (@JohnTerry26) February 2, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
АЕК Ларнака и Тричковски блиску до групите во Лига Европа

АЕК Ларнака, чиј член е поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, е многу блиску до пласман во групите од Лига Европа, откако вечерва го совлада украинскиот Днипро со 1:2 на гости. По ова, АЕК Ларнака треба дома само да го потврди пласманот во групите.
Тричковски доби шанса во 86. минута на овој меч
АЕК Ларнака за половина час дојде до убедлива предност. Алтман во 16.минута донесе водство, а потоа Сваток си даде автогол во 29. минута. Во финишот Сваток во 90.минута постигна гол и во мрежата на АЕК Ларнака за конечни 1:2.
Спорт
Приказна на летото: Пред три години работеше во пекара, сега ќе игра во Премиерлигата

Вулверхемптон соопшти дека го доведе Матеус Нуњес од Спортинг Лисабон за сума од 45 милиони евра. Ова е рекордна сума за отштета што ја платил клубот, а 23-годишниот португалски играч за врска потпиша договор до 2027 година.
Нунес е третиот играч кој летово пристигна во соблекувалната на тимот чиј тренер е Бруно Лаге. Пред него пристигнаа играчот од средниот ред Гонкало Гуедеш од Валенсија и дефанзивецот Нејтан Колинс од Барнли. Сепак, најновото име во соблекувалната ја има и најинтересната фудбалска приказна.
Момчето кое порасна во фавелите на Рио де Жанеиро, идолизирајќи го Роналдињо, во Португалија и се придружи на мајка си и очувот кога имаше 13 години. Тој денес е одличен фудбалер, а пред само три години работеше во пекара и во слободно време играше фудбал, тренираше во академијата на Спортинг Лисабон и сонуваше дека ќе има голема кариера.
„Имаше моменти кога немавме што да јадеме, а мајка ми никогаш не престана да работи. Таа е воин кој ми ја всади љубовта кон фудбалот. Немавме топка, но јас и моите браќа игравме со чорапи, важно беше само да се тркалаат. Мајка ми до денешен ден вели дека не знае како успеавме да не израснам во крадец или дилер“, раскажува Нуњес.
Тој морал да работи за семејството да се прехрани.
„Работев во пекара околу пет-шест месеци. Доаѓав наутро затоа што тренинзите и натпреварите беа попладне. Стоев на нозе пет-шест часа, а потоа морав да тренирам. Не можам да кажам дека беше лесно, немав возачка дозвола, па се будев наутро во пет часот, бидејќи на работа одев со велосипед“, се сеќава Матеус Нуњес.
Сега веќе не мора да се грижи за егзистенцијата, ниту тој, ниту неговото семејство.
Спорт
На Левандовски му украле часовник вреден 75.000 евра додека се дружел со фановите на Барса

Новото засилување на Барселона, Роберт Левандовски, бил ограбен пред денешниот тренинг додека се дружел со навивачите на Барселона, пишуваат шпанските медиуми. Полскиот интернационалец застанал со својот автомобил да се фотографира со навивачите. Во тој момент крадците насилно му одзеле часовник вреден 75.000 евра и побегнале.
Левандовски се обидел да ги фати, изјавија сведоци за Мундо Депортиво, но не успеал во својата намера.
Подоцна крадците биле пронајдени од каталонската полиција, а часовникот наводно бил сокриен под дрво.