Спорт
Терзиќ вети напаѓачки фудбал со Дортмунд

Един Терзиќ, човекот што ја доби задачата да го замени Лусиен Фавр на клупата на Борусија Дортмунд до крајот на сезоната, вети дека неговиот тим ќе игра напаѓачки фудбал почнувајќи од гостувањето кај Вердер во вторник.
Дортмунд го отпушти Фавр по саботниот 1:5 пораз од Штутгарт, најтешкиот домашен пораз по повеќе од една деценија, и му даде шанса на Терзиќ, поранешниот помошник-тренер на Славен Билиќ во Бешикташ и Терзиќ, и човекот што работеше како скаут под Јирген Клоп на „Вестфален“.
„Последните 48 часа не беа нормални бидејќи уште боли поразот од саботата. Сакам да му се заблагодарам на Лусиен, но сега работите се движат бргу и мораме да покажеме реакција. Тоа што го видовме во саботата не беше Борусија Дортмунд. Утре мора да покажеме ново лице. Јас сум продукт на Борусија Дортмунд, роден сум во регионот и навивач сум со години. Работам тука веќе 10 години и знам што значи клубот. Има два начина да се победи во меч – да примиш помалку голови или да се обидеш да дадеш повеќе. Секогаш сум повеќе за вториот пристап“, вели Терзиќ.
38-годишниот Терзиќ, по потекло од Босна и Херцеговина, се врати во Дортмунд во 2018 година кога беше ангажиран Фавр и последните две и пол години беше негов помошник. Тој признава дека не било лесно да се прифати да се стане привремен тренер.
„Морав бргу да размислам бидејќи бев дел од тренерскиот тим и морав и јас да ја прифатам одговорноста за поразот. Седнав со семејството и размислив добро и решив да го прифатам предизвикот. Не беше лесно да се види отказот на Лусиен, но ова е фудбалот. Сега мораме да одиме напред“, додава Терзиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши СП за Лука Циндирќ
Лука Циндриќ, еден од најважните играчи во хрватската репрезентација, поради повреда, го заврши своето учество на Светското првенство во Египет.
Циндриќ беше неизвесен за натпреварот против Јапонија, но тој сепак беше во тимот, одигра 42 минути, постигна четири гола. Дуелот Хрватска Јапонија заврши без победник 29:29.
Прегледите по мечот со Јапонија, покажале дека повредата која Циндирќ ја влече подолго време се влошила.
Повредата на Циндриќ претставува сериозен удар за Хрватска, бидејќи селекторот Лино Червар на позицијата среден бек остана само со играчот на Нексе Јанко Кевиќ. Во отсуство на Игор Карачиќ, кој би требало да биде подготвен за вториот круг, целиот товар во организацијата на играта ќе падне врз капитенот Домагој Дувњак.
Хрватска, утре, во второто коло, од 18 часот ќе игра против Ангола.
Спорт
„Хабиб ќе се врати ако види нешто спектакуларно“

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, ги објави деталите од состанокот што го имал со Хабиб Нурмагомедов. Вајт и борецот од Дагестан кој замина во пензија, се сретнале во петокот во Абу Даби.
Вајт открил дека не успеал да го убеди Нурмагомедов да се врати во октагонот, меѓутоа непоразениот во лесна категорија, рекол дека ќе размисли и ќе реши дали ќе се врати, по борбите што следат, а во кои ќе се соочат Конор Мекгрегор и Дастин Поирие, односно Ден Хукер и Мајкл Чендлер.
„Ќе ги гледа тие борби кои ќе се одржат наредниот викенд. Доколку направат нешто спектакуларно, тогаш можеби ќе се врати“, открил Вајт.
„Смета дека Чарлс Оливеира бил одличен против Тони Фергусон, а доколку момците наредниот викенд приредат спектакл, Хабиб би можел повторно да влезе во октагонот“.
Хабиб кариерата ја заврши без пораз, со 29 победи.
Спорт
Минималец на Челси против Фулам

Челси, како гости, славеа минимална победа над градскиот ривал Фулам, во 19.коло во Премиер лигата. „Сините“, ставија крај на лошата серија, тие беа поразени на претходните три натпревари (Арсенал, Астон Вила, Манчестер сити).
Челси беа подобриот тим на теренот, но дури во финишот ја обезбедија победата. Во првиот дел Маунт го погоди дирекот, а Ареола го одбрани ударот на Ридигер. Во последната минута од првиот дел Фулам остана со играч помалку на теренот. Робинсон, поради жесток старт доби црвен картон.
Теренската надмоќ во вториот дел Челси ја реализираше во 78.минута, кога Маунт го постигна единствениот гол.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира