Спорт
Teшка несреќа во Полска: тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени

Повеќе лица се повредени денеска, кога автомобил влета во толпата гледачи за време на трка во Полска.
Возачот (27) веднаш по стартот на трката изгубил контрола над возилото, јави ТВН24 повикувајќи се на полицијата.
Трката се одржа како дел од автомобилскиот настан на аеродромот Кросно во регионот Карпатскo подножје во југоисточна Полска.
Според полицијата, повредени се најмалку 14 лица, од кои четворица потешко.
Новинската агенција ПАП јавува дека во тек е голема акција на пожарникарите и спасувачките служби, а на местото на несреќата е распореден и спасувачки хеликоптер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Капитенот на Фенер му дозволи на Гудуриќ да го подигне трофејот

Капитенот на Фенербахче, Мелих Махмутоглу, му препушти на Марко Гудуриќ да го подигне трофејот наменет за осовојувачот на Евролигата. Фенербахче во финалето на завршниот турнир, во Абу Даби го победи Монако (81:70).
Во моментот кога капитенот требаше да истапи напред за да му биде врачен трофејот, имаше кратка пауза, како да не беше однапред договорено кој треба да го стори тоа.
На крајот, Махмутоглу истапи напред во цивилна облека и го прифати трофејот, но не го крена.
Бидејќи не играше на завршниот турнир, Махмутоглу одлучи да го покани Гудуриќ да го подигне трофејот.
Гудуриќ одигра одличен натпревар во финалето, во вториот дел постигна 17 од своите 19 поени.
Drink it in, @FBBasketbol, this has been YOUR Season…
Better find more room in that trophy cabinet 🏆🏆 pic.twitter.com/66AZsawaJs
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) May 25, 2025
Спорт
Алкалоид-АЕК нема да се игра вечерва – Грците под закана од своите навивачи одбија да излезат на теренот

Финалниот реванш во ЕХФ купот меѓу Алкалоид и АЕК не започна. Грчките ракометари одбија да излезат на теренот во арената „Борис Трајковски“ бидејќи нивните навивачи не биле во салата.
АЕК успеа да Европската ракометна федерација (ЕХФ) да и приреди уште еден циркуз. Првиот пат во Белград, против Партизан им помина. И тогаш не излегоа на теренот, тврдеа дека нема услови да се игра. На крајот ЕХФ реши мечот да се игра на неутрален терен во Бугарија, без публика. Грчкиот тим по изведувањето пенали избори пласман во финалето.
Првиот меч во Атина, Алкалоид убедливо го доби 29:25. Се претпоставуваше дека Грците повторно ќе се обидат да исценираат нешто. Тоа и се случи, но сега ЕХФ не треба да падне на нивните финти.
„Натпреварот вечерва нема да се одигра, АЕК нема да излезе на терен. Ќе чекаме пнатамошни инструкции што со ќе биде овој натпревар. Добивме информација дека екипата на АЕК не сака да го одигра натпреварот“, рече официјалниот спикер.
„Имавме сигнали во текот на денот, уште од 10 часот кога се одржа ехничкиот состанок. Клубот и МВР донесоа одлука, бројот на влезници за гостите да биде 200. Навивачите на АЕК допатуваа во Скопје, тие им поставија ултиматум на клупските леници дека ќе трпат последици, ако излезат на теренот. Раководството на АЕК поради тоа не дозволи играчите да се појават на теренот. Ракометарите на АЕК имаа и солзи на очите, но не смееја против одлуката на управата“, рече за МРТВ претставникот на Алкалоид, Зоран Цветановски.
ЕХФ во овој случај треба експресно да реагира, а епилогот треба да биде само еден. Натпреварот да биде регистриран со службени 10:0 за Алкалоид и трофејот да им биде врачен на играчите на Кирил Лазаров.
Спорт
Гудуриќ херој, Фенербахче ја освои Евролигата

Кошаркарите на Фенербахче го победија Монако 81:70 и втор пат во клупската историја ја освои титулата во Е вролигата.
Турскиот клуб со брилијантна партија во второто полувреме дојде до највредниот клупски трофеј во европската кошарка.
Монако подобро влезе во натпреварот, рано имаа играчите на Спанулис предност од девет поени, но целосно потфрлија во финишот на втората и стартот на третата четвртина.
Монако шест ипол минути не постигна коша од игра, Фенер направи серија 15:1 и тука ја најави победата.
Во вториот дел се „појави“ Марко Гудуриќ, кој постигна 17 од своите 19 поени. Најефикасен со 23 поени беше Најџел Хејс-Дејвис. Двоцифрени кај Фенер беа и Вејд Болдвин и Девон Хол со по 13.
Шарунас Јасикевичиус им се приклучи на великаните Светислав Пешиќ, Лоло Саинц и Арменак Алачачан. Литванецот успеа да ја освои европската титула и како играч и како тренер.