Спорт
Тевез ќе остане во Бока и ќе ја донира својата плата!
Легендарниот аргентински напаѓач Карлос Тевез уште еднаш покажа дека е „сила“ не само на фудбалскиот терен, откако потврди дека ќе остане во Бока јуниорс барем до декември и дека ќе ја донира својата плата во борба против корона вирусот.
„Секако, ќе останам во Бока. Сакам уште една шанса да играм на Либертадорес, иако со пандемијата не е јасно што ќе се случи со купот. Го прифатив предлогот на клубот без големи забелешки, кои мојот агент Адријан Руоко ги издејствува – платата нема да оди кај мене, туку директно во добротворните организации“, вели Тевез.
Тој признава дека уште не донел одлука дали ќе продолжи со настапите по 2021 година, но потврди дека водоговор со неговата сопруга Ванеса решил да ги донира парите.
„Ние живееме со луѓето од моето село и гледаме поинаква реалност. Заедно со навивачите на Бока ќе направиме нешто добро за борбата во пандемијата. Помалку е навредливо да се зборува за парите, бидејќи во Аргентина има сиромаштија. Треба да се погледне реалноста“, вели Тевез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвешка 99 отсто е на Светското првенство
Фудбалерите на Норвешка 99 отсто се на Мундијалот во 2026 година. Во седмото коло, во И групата, ја забележаа седмата победа. Норвежаните ја победија Естонија со 4:1.
Само чудо може да ја спречи Норвешка да игра на првото СП по речиси три децении. Последен пат на планетарната смотра Норвежаните беа во 1998 година во Франција.
Норвешка во последното коло ќе гостува во Италија, има гол разлика +29 и само две луди победи на Италија во последните две кола можат да ги елиминираат од Мундијалот.
Во Осло, одбраната на Естонија се држеше до 50-та минута. Потоа во 12 минути, до 62-та, Два гола постигна Серлот, два Халанд и мечот беше решен.
Спорт
Македонија ремизираше без голови против Летонија
Македонската фудбалска репрезентација одигра без голобви во пријателски натпревар против Летонија во Скопје. Дуелот со Летонците беше генерална проба за дуелот со Велс во Кардиф, за пет дена.
Благоја Милевски, селекторот на Македонија, мечот помалку и очекувано го започна со комбиниран состав.
Македонија одигра натпревар далеку под своите стандарди, со две шанси во првиот дел на Ристовски и Костадинов. И двата удари ги скроти летонскиот голман Матревичс.
Македонија ќе му гостува на Велс на 18.ноември.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Младата репрезентација убедливо поразена од Шведска
Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година забележа убедлив пораз (1:4) од Шведска на квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство.
Македонија постигна гол, имаше водствот, но потоа доживеа колапс. во второто полувреме.
Избраниците на Горан Станиќ поведоа со голот на Елези во водство во 12.минута. Швеѓаните пресврт направија за само 120 секунди, во 33-та и 33-та минута стрелец беше Ричи Оморова.
Во вториот дел, Швеѓаните уште двапати ја тресеа мрежата на Македонија.
Во 60.минута Момоду Сонко зголеми на 1:3, а Амин Будри во 79.минута го постави конечниот резултат.
Македонија е претпоследна на табелата во Е групата. Го доживеа четвртиот пораз во пет натпревари, Шведска е позиција погоре, откако славеше втор пат во овие квалификации.
Табела:

foto/ ffm.mk

