Спорт
Тијаго Силва: Селекторот на Србија не покажа премногу почит кон нас
Бразил синоќа ја надигра Србија во првиот натпревар на Светското првенство, а победи со 2:0 благодарение на головите на ѕвездата на Тотенхем, Ришарлисон. По натпреварот изјава даде искусниот Тијаго Силва, кого особено го повредиле, но и мотивирале, зборовите на српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси.
Тој пред натпреварот изјави: „Дали навистина ќе играат со четворица напаѓачи?“
Капитенот на Бразил вели дека одбраната е силна, без разлика колку е офанзивен нивниот тим.
„Секогаш сме среќни кога победуваме, 1:0, 2:0. Не сакам многу да зборувам, да се расправаме, но нивниот селектор рече: „Ќе играат со четворица напаѓачи, ќе има ли некој позади?“ Ова е недостаток на почит, не бараме никој да се плаши од нас, туку малку повеќе почит. Ако го проучувате нашиот тим, ќе видите дека примивме малку голови, без разлика дали игравме со тројца или со четворица напаѓачи. Денеска, во дигитално време, многу лесно е тоа да го прочитате пред мечот и да се мотивирате дополнително“, изјави стоперот на Бразил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен: Половина од тимовите би биле дисквалификувани доколку темелно се врши контрола по секоја трка
Формула 1 сè уште не влегла во сезоната 2026, а веќе се соочува со сериозни контроверзии. Во центарот на вниманието е Макс Ферстапен, четирикратниот светски шампион, кој изнесе загрижувачки тврдења за техничките контроли на болидите.
Во интервју за шведските медиуми, возачот на Ред Бул рече дека многу тимови намерно ги поместуваат границите на прописите и често избегнуваат казни само затоа што не се темелно проверени по секоја трка.
„Сите бараме ограничување. Понекогаш сè оди непречено затоа што сè не е секогаш контролирано. Ако секој автомобил беше проверен по секоја трка, половина од тимовите би биле нерегуларни“, рекол Ферстапен.
Контролите во Формула 1 ја вклучуваат тежина на автомобилот, параметри на хибридниот систем, горивото, аеродинамика и подот, но ФИА нема капацитет детално да го проверува секој автомобил секој викенд.
Неговите зборови добија дополнителна тежина поради сезоната 2025, која беше обележана со бројни дисквалификации.
Ферари остана без пласман во Кина поради технички неправилности на болидите на Шарл Леклер и Луис Хамилтон, додека Пјер Гасли и возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, доживеаја слична судбина во Лас Вегас.
Дисквалификацијата на Мекларен, според Верстапен, дополнително го искомплицира шампионатот.
„Тоа беше ран божиќен подарок за мене, што ја направи сезоната повозбудлива“, рече Холанѓанецот, кој на крајот ја загуби титулата со само два бода разлика од Норис на последната трка во Абу Даби.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лацио заинтересиран за Лазар Самарџиќ
Италијанскиот великан Лацио е заинтересиран за купување на српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ.
Со решавањето на финансиските тешкотии, Лацио повторно е активен на пазарот и има намера да донесе сериозни имиња во зимскиот преоден рок.
Според „Газета дело спорт“, Маурицио Сари сака да го засили тимот со играч од средниот ред, а прв пик му е Самарџиќ.
„Сари го посочи потпишувањето на квалитетен играч од средниот ред како врвен приоритет. На тренерот му се допаѓа Лофтус-Чик, но тешко е дека може да му го „украде“ на Милан, а и неговата плата е превисока. Малку помалку комплицирано, а подеднакво привлечно за тренерот, е доведувањето на Самарџиќ од Аталанта. Клубот од Бергамо му плати на Удинезе 20 милиони евра за него и, очигледно, нема да прифатат понуди пониски од тоа“, се вели во текстот.
Лацио е осми на табелата со 23 бода и во случај на добро продолжение на сезоната, може да обезбеди пласман во европските натпреварувања, додека Аталанта е нивен конкурент со бод помалку и позиција подолу.
Лазар Самарџиќ одигра вкупно 18 натпревари оваа сезона за Аталанта во Лигата на шампионите, Серија А и Купот на Италија, постигна три гола и забележа две асистенции.
Foto/ freerangestock
Спорт
Норвешки биатлонец пронајден мртов во својата соба
Норвешкиот биатлонец Сиверт Гуторм Бакен почина на 27-годишна возраст, потврди Меѓународната унија за биатлон (IBU).
Локалните медиуми објавија дека Бакен е пронајден мртов во неговата хотелска соба во Лавацо во италијанските Алпи, каде што бил на тренинг камп.
„IBU е длабоко шокирана и тажна од трагичната вест за ненадејната смрт на Сиверт Бакен. Враќањето на Сиверт во биатлонот по тежок период беше извор на голема радост за сите во семејството на биатлонот и инспиративен доказ за неговата отпорност и решителност. Неговата смрт на толку млада возраст е невозможно да се замисли, но тој нема да биде заборавен и ќе остане во нашите срца засекогаш“, објави IBU.
За време на неговата кариера, тој учествуваше во 31-та трка од Светскиот куп, а ја постигна својата единствена индивидуална победа во Холменколен во 2022 година.
На Бакен му беше дијагностициран миокардитис во 2022 година, што го исклучи од сезоната 2022/23. Тој се врати на натпреварувањето во ноември 2024 година, 984 дена по неговата победа во Холменколен.
Foto/ depositphotos

