Спорт
Тијаго Силва удри по ПСЖ: Начинот на кој завршив со клубот беше понижувачки
Тијаго Силва влезе во напад на Пари Сен-Жермен, клубот каде што помина осум сезони, бидејќи заминувањето било „ситуација која можеше да биде изведено поинаку“.
36-годишниот Бразилец не криеше дека сака да остане во ПСЖ, но спортскиот директор, неговиот сонародник Леонардо не му го понудил тоа. По одигрувањето на финалето на ЛШ (каде што загубија од Баерн Минхен), тој како слободен играч замина во Челси со 23 освоени трофеи од Париз.
„Тоа беше ситуација која навистина ме налути, не ми се допадна како работите се завршија. Имаше пауза поради корона вирусот, но можеа да ги направат работите поинаку. Бев во Бразил во карантин, кога Леонардо ми се јави и ми кажа дека нема да ми дадат нов договор поради пандемијата. Не, прво ме праша дали ќе продолжам два месеци за да играм во ЛШ. Во цела кариера во ПСЖ го дадов мојот максимум и не заслужив така да се простат со мене. Лео го направи тоа на необичен и брз начин. И тоа не само со мене – Кавани е најдобар стрелец во историјата на ПСЖ. Го кажувам ова сега, за клубот да не направи слични грешки во иднина“, објаснува Силва во интервју за „Франс фудбал“.
Тијаго Силва влезе во напад на Пари Сен-Жермен, клубот каде што помина осум сезони, бидејќи заминувањето било „ситуација која навистина ме налути“.
36-годишниот Бразилец не криеше дека сака да остане во ПСЖ, но спортскиот директор, неговиот сонародник Леонардо не му го понудил тоа. По одигрувањето на финалето на ЛШ (каде што загубија од Баерн Минхен), тој како слободен играч замина во Челси со 23 освоени трофеи од Париз.
„Тоа беше ситуација која навистина ме налути, не ми се допадна како работите се завршија. Имаше пауза поради корона вирусот, но можеа да ги направат работите поинаку. Бев во Бразил во карантин, кога Леонардо ми се јави и ми кажа дека нема да ми дадат нов договор поради пандемијата. Не, прво ме праша дали ќе продолжам два месеци за да играм во ЛШ. Во цела кариера во ПСЖ го дадов мојот максимум и не заслужив така да се простат со мене. Лео го направи тоа на необичен и брз начин. И тоа не само со мене – Кавани е најдобар стрелец во историјата на ПСЖ. Го кажувам ова сега, за клубот да не направи слични грешки во иднина“, објаснува Силва во интервју за „Франс фудбал“.
Thiago Silva sur son départ du PSG : «Leonardo a fait ça de façon maladroite»
? https://t.co/vA44xfGmaA pic.twitter.com/SiO1h9RLv3— Le Parisien (@le_Parisien) September 28, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

