Спорт
Тим Хауард: Се надевам дека Ливерпул нема да освои титула додека сум жив!
Поранешниот голман на Евертон и Манчестер јунајтед, Тим Хауард вели дека се надева дека лутите ривали на неговите поранешни клубови, Ливерпул, никогаш нема да освојат титула од Премиер лигата.
40-годишниот поранешен американски репрезентативец, кој ја игра својата последна сезона во кариерата со Колорадо рапидс, четири години беше на „Олд Трафорд“, по што во една деценија имаше над 400 настапи за Евертон.
„Се надевам дека Ливерпул нема да освои титула додека јас дишам. Имаме два тима во форма и двата се во борба за титулата, но ако никој не згреши, тогаш Манчестер сити ќе бидат шампиони“, вели Хауард во интервју за Си-ен-ен.
Прашан за формата на Манчестер јунајтед, кои се само шести во лигата, Хауард вели дека го имаат вистинскиот човек во Оле Гунар Солскјер.
„Секако дека тој е вистинскиот човек. Се надевам дека клубот ќе потроши малку пари и ќе ги добие фудбалерите кои ги посакува и потоа нема да има проблеми“, додава Хауард.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Левандовски ќе ја напушти Барселона
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) ќе ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
По четири години соработка, клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Роберт Левандовски и покрај тоа што има опција да му го продолжи договорот на дополнителни 12 месеци.
„Барселона нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој го напушта клубот“, тврди „Атлетик“.
Каталонците одлучија да направат место за некој помлад. Левандовски е во ветеранските години, ќе го прослави својот 38-ми роденден на почетокот од следната сезона. Барса верува дека неговото време е истечено, иако не изгледа така на теренот.
Лева игра одлично и оваа сезона. Тој постигна осум гола на 15 настапи. Во вкупно 162 натпревари, Левандовски постигна 109 гола и забележа 21 асистенција.
Левандовски нема намера да ја заврши кариерата. Иако следното лето ќе го прослави својот 38-ми роденден, интересот за неговите услуги е голем.
Според „Атлетик“, Барселона нема да го откупи договорот на Маркус Рашфорд на крајот од сезоната.
Англискиот фудбалер игра за каталонскиот клуб како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.
Foto/ EPA
Спорт
Партизан веќе се договорил со Тринкиери
Италијанскиот тренер Андреа Тринкиери се договорил со чениците на Партизан во врска со неговото враќање на позицијата шеф на страчниот штаб.
Како што обајви „Спорт Клуб“, црно-белите веќе се договориле со италијанскиот стручњак во врска со условите за идна соработка, а се чека најповолниот момент соработката да биде официјализирана.
Тринкиери е без работа откако беше отпуштен од Жалгирис ова лето, само 36 часа по освојувањето на титулата во лигата.
Италијанскиот стручњак помина година и пол во Каунас, а претходно беше на клупата на Баерн од 2020 до 2023 година.
Тој го водеше Партизан од 2018 до 2020 година и тимот беше во одлична ситуација во АБА лигата и Еврокупот пред коронавирусот да ја прекине сезоната.
Тринкиери и претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ не се разделија во добри односи, а Италијанецот дури и го тужеше Партизан за заостанати плати и го доби спорот.
Сепак, се чини дека условите за нова соработка сега се исполнети, Тринкиери е без работа, а на Партизан му е потребен квалитетен тренер кој може да го подигне тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ.
Црно-белите ќе го играат својот следен натпревар во четврток, кога ќе го пречекаат Баерн на Белградска Арена. Моменталниот резултат на Партизан во Евролигата е четири победи и девет пораз. Тимот доживеа порази на седум од последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Александар Трајковски се врати во Хрватска
Александар Трајковски (33) е нов играч на Локомотива. Иако сè уште официјално не го претстави, Локомотива регистрираше поранешниот напаѓачот Хајдук во системот на ХНС.
Трајковски нема ангажман од крајот на минатата сезона, кога му истече договорот со Хајдук. И покрај ова, во периодот кога беше без клуб, играше пет пати за репрезентацијата на Македонија и постигна два гола.
Алесандар Трајковски помина две години во Хајдук. Дојде како слободен агент во летото 2023 година и постигна десет гола во 32 настапи во хрватската лига. Најдобриот натпревар за Хајдук го одигра против Локомотива, во последното коло од сезоната 2023/24, постигна хет-трик.
Кај Џенаро Гатузо, тој падна во втор план и генерално имаше многу малку минути, иако на крајот од сезоната постигна гол против Локомотива во ремито 1:1 и Риека во победата од 2:1.
Локомотива е третиот хрватски клуб за кој ќе игра Трајковски. Уште во сезоната 2010/11, тој го носеше дресот на Интер од Запрешиќ.
Трајковски е најпознат по периодот што го помина во Италија, играјќи за Палермо, играше и за Мајорка во Ла Лига. Тој одигра 98 пати за репрезентацијата на Македонија и постигна 24 гола.
Foto/ EPA

