Спорт
Тимо Вернер и неговите утки – видео компилација од ужасната сезона
Тимо Вернер веќе стана „симбол“ за напаѓач кој ги пропушта шансите на голот по огромен број на вакви ситуации оваа сезона, од кои најочигледната беше за Германија на мечот со Македонија, на кој славно победивме со 1:2.
Работите и во Челси не одат најдобро за германскиот напаѓач, откако на мечот со Реал Мадрид во полуфиналето на ЛШ повторно пропушти стоотстотна шанса, по што доби критики и од сопругата на неговиот соиграч, Тијаго Силва.
Менаџерот на Челси, Томас Тухел побара од него повеќе да верува на својот инстинкт и да престане да размислува многу кога е пред голот, но предупреди дека по скапиот трансфер од РБ Лајпциг, во Челси очекуваат многу од него.
„Дали сме среќни кога ќе промаши шанса како на последниот натпревар? Не. Дали сакаме повеќе голови? Да. Дали и тој сака повеќе голови? Да. Не се работи за неговиот квалитет, туку за самодовербата и за моментот. За верување во својот инстинкт и за помалку размислување. Знам дека тоа е полесно да се каже отколку да се направи. Јас никогаш не сум дал гол во мојата кариера и да дадев тоа ќе беше како мојот роденден и Божиќ да се на ист ден. Треба да ја врати самодовербата и да продолжи“, вели Тухел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

