Спорт
Тинејџерката ја елиминира Венус, Серена фуриозна против Потапова

Американската тинејџерка Коко Гоф забележа победа на дебито на Австралија опен. Гоф во првото коло ја елиминираше од турнирот легендарната Венус Вилијамс.
Повозрасната од сестрите Вилијамс е една од најдобрите во последните две децении, меѓутоа мораше да го положи оружјето пред младата Гоф. Дуелот на најмладата и најстарата учесничка на Австралија опен траеше час и 40 минути, 15 годишната Гоф славеше над Вилијамс со 7/6, 6/3.
За разлика од Венус, помладата Серена немаше проблеми против Русинката Анастасија Порапова. Серена која се наоѓа на деветтото место на АТП листата за само 58 минути ја победи Потапова со 6/0, 6/3.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Никој не може со Ноа Лајлс на 200 метри

Американецот Ноа Лајлс е победник во трката на 200 метри на Светското првенство во Токио.
Лајлс стигна до целта со време од 19,52, пред сонародникот Кенет Беднарек (19,58) и Јамајканецот Брајан Левел (19,64). Летли Тебого заврши само една десетинка зад Левел.
Американскиот спринтер, кој беше симнат од тронот во трката на 100 метри во Токио, ја продолжи својата неверојатна доминација на 200 метри. Ова беше четврто последователно светско злато за Лајлс во оваа дисциплина.
Претходно, тој славеше во Доха (2019), Јуџин (2022) и Будимпешта (2023).
Men’s 200m final
Noah Lyles🇺🇸 19.52s
Kenneth Bednarek🇺🇸 19.58s (SB)
Bryan Levell🇯🇲 19.64s (PB)
Letsile Tebogo🇧🇼 19.65s (SB) pic.twitter.com/viqJRIM66Z— Vaseline Stark, King in the North (@femii_p) September 19, 2025
Спорт
Бенфика со посебна клаузула се заштити од Мурињо

Фудбалскиот клуб Бенфика, вчера официјално го претстави Жозе Мурињо како шеф на струшниот штаб. Мурињо по 25 години се врати во клубот каде што ја започна самостојната тренерска кариера.
Бенфика не сака прекин на соработката на нејзина штета со Жозе Мурињо, кога тоа ќе се случи. Клубот за да се заштити во договорот вметна посебна клаузула.
Во Бенфика беа свесни кого ангажираат на местото на Бруно Лаж, тренер кој инкасирал повеќе од 100 милиони евра во текот на својата кариера само од обештетување поради раскинување на договори со претходни клубови (читај отказ).
Затоа тие ефикасно се заштитија со посебна клаузула во договорот со познатиот тренер.
Португалските медиуми ги открија деталите од договорот меѓу клубот од Лисабон и Мурињо, во кој можеби најважната ставка е дека, по завршувањето на првата година од договорот со Мурињо, клубот ќе има десет дена да одлучи за продолжување на соработката.
Во договорот конкретно е наведен периодот од „десет дена по завршувањето на последниот натпревар од сезоната“.
Активирањето на оваа клаузула за раскинување подразбира исплата на износ кој, според договорот на двете страни, ќе биде значително помал од платата која Мурињо би требало да ја заработи во втората година од договорот. Секако во случај клубот да реши да го отпушти Португалецот.
Да ве потсетиме дека Мурињо потпиша договор за соработка со лисабонските „орли“ до крајот на сезоната 2026/2027.
Спорт
Бенџамин победи, па го дисквалификуваа, па повотрно го прогласија за победник

Се и сешто се случуваше во финалето на трката на 400 метри со пречки, на крајот, Американецот Реј Бенџамин стана најдобар во светот.
Првично, Бенџамин, актуелниот олимписки шампион, победи за 46,52 секунди. И додека се сликаше со круната, стигна веста дека е дисквалификуван, иако славеше убедливо.
Причината е затоа што со уривањето на последната пречка, наводно го попречил натпреварувачот до него. Чудна одлука бидејќи Американецот беше далеку пред сите ривали.
Сепак, по неколку минути, сè беше вратено на свое место и резултатот од патеката беше потврден. Среброто заврши околу вратот на Бразилецот Алисон Дос Сантос (46,84), а трет беше Абдерахман Самба од Катар (47,06).
Норвежанецот Вархолм, прв фаворит и светски рекордер, се распадна на финишот и падна од второто на петтото место со 47,58.
Во отсуство на Сидни Меклафлин, јасно е дека во трките на 400 метри со пречки за жени, Фекме Бол е неприкосновена. Холанѓанката ја оправда својата улога како фаворит и славеше со 51,54. По неа следеше Американката Џонс со 52,08, додека Ема Заплеталова од Словачка заврши на третото место со национален рекорд од 53,00.
Фото/ Принтскрин