Спорт
Тјери Анри: Во Арсенал би се вратил и тревата да ја косам

Тјери Анри признава дека не би пропуштил шанса да стане тренер на Арсенал во иднина посочувајќи дека толку го сака клубот од северен Лондон што би се вратил и да ја коси тревата на ‘Емиратите’“.
Легендарниот Французин во моментов е без работа откако си замина од МЛС клубот Монтреал Импакт и се врати во Лондон каде што живее неговото семејство. Во интервју за магазинот „Фор Фор Ту“, тој беше искрен.
„Слушајте, ако прашате навивач на Арсенал дали би сакал да стане тренер на Арсенал, ќе каже – да. Ако ги прашате дали сакааат да дадат гол за Арсенал, ќе кажат – да. Кога зборуваме така, тоа е утопија, а луѓето се занесуваат кога ќе кажам дека тоа е мојот клуб, кој го имам во крвта, чиј навивач сум. Така што, ако ме прашувате дали еден ден сакам да бидам тренер на Арсенал, тогаш – да. Или да бидам човекот што ги средува десовите, тогаш – да. Ако прашате дали би сакал да ја косам тревата на ‘Емиратите’, тогаш – да. Да, тоа се соништа. Но, ова е реалноста. Дали би сакал да бидам тренер на Арсенал? Да. Дали би сакал да одам во Барселона? Да. Дали би сакал да играм пак за Арсенал? Секако, но реалноста е дека не можам. Уште учам, сакам да бидам добар за тимовите каде што учам, а потоа времето ќе покаже“, вели Анри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фулам имаше сламка за спас на „Емирати“ – ја испушти во 97 минута

По четири порази во низа во Премиерлигата, екипата на Фулам попладнево малку фалеше со три бода да се врати од гостувањето кај градскиот ривал Арсенал. Сепак имаше поделба на бодовите, 1-1.
0-1 стоеше на семафорот по 90 минути на „Емирати“, а голот кој носеше надеж за опстанок во лигата на клубот од „Кревин котиџ“ го постигна Џош Маја во 59 минута од пенал.
Во првото полувреме „топчите“ постигнаа погодок во 40 минута, но истиот беше поништен по ВАР сигнализација.
Сепак домаќините им откинаа два веќе впишани бодови на гостите. Во 97 минута од мечот Нкети се погрижи за покривање на срамот на „топчиите“, погоди за конечни 1-1.
Фулам собра 27 бода на 33 натпревари, но се уште е на -6 од Брајтон, односно Барнли кој воедно имаат и 2 меча повеќа за играње до крајот на сезоната во Премиерлигата.
Фудбалерите на Микел Артета, пак, остануваат на деветата позиција со 45 бода, без посебни изгледи идната сезона да обезбедат пласман во некој од европските натпреварувања.
Спорт
Мото ГП – Квартараро прв низ целта во Португалија

Фабио Квартараро е победник на денешната Мото ГП трка возена во Португалија. За возачот на Јамаха ова беше втора победа во низа во првенството.
Францускиот мотоциклист со денешниот одличен настап дојде до шеста победа во кариерата, а на својот тим му го донесе третиот триумф оваа сезона од исто толку трки.
На денешната трката беше одбележано и враќањето во шампионатот на Марк Маркез по тешката повреда која го снајде во минатата сезона. Го немаше во трките од јуни минатата година. Тој на крајот го освои седмото место во Португалија.
Зад Квартараро денеска се најдоа Бањаја од Дукати, додека Жоан Мир од Сузуки е трет во трката.
На денешната трка бодови освоија и Морбидели, Биндер, Еспаргаро, Маркез (двајцата браќа), Бастијанини и Накагами.
Спорт
Продолжува лудницата во Лига 1 – ПСЖ триумфираше со гол во 94. минута

Во неверојатен меч францускиот шампион ПСЖ славеше триумф од 3-2 против Сент Етјен во рамки на 33 коло од Лига 1.
Откако лидерот Лил во петокот киксана и одигра само 1-1 со Монтпелје, на ПСЖ очајно му беа потребни трите бода.
Се до 78 минута беше 0-0 на семафорот, а тогаш шок за парижани. Гол за 0-1 постигна Бунда.
Во следната минута Мбапе израмни на 1-1.
Истиот играч во 87 минута носи предност од 2-1 за „Светците“.
Само што почнаа да слават пулените на Покетино останаа шокирани. Во 91 минута Хамума носи израмнување 2-2.
Златен гол за ПСЖ постигна Мауро Икарди во 94 минута за големо славје на „Паркот на принцовите“.
Нејмар не настапи на овој меч, но еуфорично го прослави победничкиот погодок од трибините.
По 33 кола Лил се уште е прв, со 70 бода, но сега со само бод повеќе од второпласираниот ПСЖ.
Трет на табелата е тимот на Монако со 65 бода, но и меч повеќе за играње од двата ривала.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш