Спорт
Тоа е капитен! Инсиње му купи скутер на несреќниот навивач (видео)

Капитенот на Наполи, Лоренцо Инсиње му подарил нов скутер на еден навивач на „наполитанците“, откако претходното превозно средство му било украдено при прославата на титулата од Копа Италија.
Инцидентот бил фатен на камера во ноќта кога улиците на Неапол беа полни со навивачи за прослава на првиот трофеј од 2014/15, а подоцна локалните медиуми открија дека навивачот Салваторе со овој скутер заработувал работејќи како доставувач на храна.
Инсиње, според „Радио марте“, веднаш откако слушнал за приказната, му обезбедил на Салваторе нов скутер. Самиот Салваторе му прати видео порака со благодарност на Инсиње и посака да се види со него лично.
Durante la celebración de la Coppa Italia, la noche del pasado miércoles, tres encapuchados robaron a Salvatore, un tifosi napolitano, su scooter (? vídeo)
Poco después, una nueva apareció en su casa. Hoy se ha descubierto que fue Insigne el que se la compró ?
[Radio Marte] pic.twitter.com/B48diy1bAm
— Soy Calcio (@SoyCalcio_) June 23, 2020
A Salvatore le robaron la scooter en Nápoles la noche del miércoles durante la celebración de la Coppa. Hoy, Insigne le ha regalado una para que pueda seguir trabajando. Lorenzo con el brazalete también fuera del campo pic.twitter.com/c5XqxZPqPK
— Pipe Olcina (@PipeOlcina17) June 23, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Босна сепак ќе игра во АБА-лигата

Само еден ден откако од Босна пристигна веста дека нема да играат во АБА лигата следната сезона, се случи (не)очекуван пресврт и политичка реакција.
Босна беше најдобра во АБА 2 лигата оваа година избори директен пласман во елитната група. Сепак, клубот, призна дека нема средства за да се натпреварува во АБА лигата.
Министерот за култура и спорт на кантонот Сараево, Кенан Магода изјави дека е постигнат договор, а на состанокот одржан во вторникот присуствуваше и премиерот на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Нермин Никшиќ.
Босна ќе добие финансиска помош од политичката елита и нема да игра во Скендерија – нејзин нов дом ќе биде салата Зетра.
„Крунската инвестиција од претходните две години беше освојувањето на АБА 2 лигата и пласманот во елитата. Денес, на инсистирање на премиерот Нермин Никшиќ, имавме успешен состанок во зградата на Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина и ги отстранивме сите сомнежи. Сомнежот беше спортската сала каде што ќе се играат натпреварите. Владата на кантонот Сараево одвои историска сума, а Владата на БиХ ќе го продолжи трендот преку компаниите што ги поседува. Босна сигурно ќе биде сериозен играч на регионалната кошаркарска сцена, ќе славиме и ќе тагуваме заедно“, изјави Магода.
Најавата дека Босна нема да игра во АБА лигата непријатно ги изненади не само навивачите, туку и институциите што силно го поддржуваа клубот. Меѓу нив беше и министерот Магода, кој веќе имаше договор вреден 1,2 милиони марки (600.000 евра) подготвен да го поддржи клубот во неговото враќање на регионалната сцена.
Следната сезона, АБА лигата би можела да има дури 20 екипи, но форматот на натпреварувањето сè уште не е официјално објавен, како и клубовите што ќе имаат можност да се натпреваруваат.
Спорт
Мбапе неизвесен за првиот меч на Реал на клупскиот мундијал
Под знак прашалник е настапот на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе за натпреварот против Ал-Хилал на Светското клупско првенство.
Килијан Мбапе го пропушти последниот тренинг на Реал поради болест. Според шпанскиот печат, Мбапе се разбудил со висока температура. Иако официјално не е исклучен, се шпекулира дека францускиот напаѓач би можел да го пропушти натпреварот на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.
Потенцијалното отсуство на Мбапе го става новиот тренер Чаби Алонсо во дилема кој ќе го предводи нападот. Бразилскиот тинејџер Ендрик, кој можеше да биде алтернатива не е во тимот поради повреда на мускулот заработена против Севилја минатиот месец.
Мбапе беше клучен за Реал Мадрид оваа сезона, постигна 31 гол во Ла Лига, а вкупно 43 гола во 56 настапи.
Реал Мадрид влегува на турнирот како еден од фаворитите, а покрај Ал-Хилал, во групата Х ќе играат и РБ Салцбург и Пачука.
Спорт
Шампионот ја отвора сезоната, во првото коло дербито е помеѓу Јунајтед и Арсенал

Англиската Премиер лига го објави распоредот на натпреварите за следната сезона, која започнува на 15 август.
Сезоната ќе ја отворат Ливерпул и Борнмут, во петок, 15 август на Енфилд од 21:00 часот. Првото коло ќе се игра во сабота, недела и понеделник, а дербито ќе го одиграат Манчестер јунајтед и Арсенал на „Олд Трафорд“ (17 август, 17:30 часот).
Манчестер сити ја отвора сезоната со гостување во Вулверхемптон, Челзи ќе биде домаќин на Кристал Палас.
Во првото коло, Евертон нема да игра на својот нов стадион, туку гостува кај Лидс. Во второто коло, „карамелите“ ќе играат за прв пат пред навивачите на новиот стадион и тоа против Брајтон (23 август, 16:00 часот). Во второто коло дербито е Манчестер сити – Тотенхем.
Во третото коло, Ливерпул ќе се сретне со Арсенал, а првото манчестерско дерби во новата сезона е закажано за 13 септември, домаќин ќе биде Сити.
Само седум дена подоцна, „граѓаните“ ќе гостуваат кај Арсенал, а истиот ден, дербито на Ливерпул ќе се игра на „Енфилд“.
Најголемото англиско дерби, прво во новата сезона, ќе се игра на „Енфилд“ на 18 октомври во 16 часот, а првиот дуел помеѓу Сити и Ливерпул оваа година ќе се игра во Манчестер на 8 ноември.
Целосниот распоред ќе го најдете ТУКА.