Спорт
Тодибо: Не ми е гајле што се случува во Барселона

Фудбалскиот дефанзивец Жан Клер-Тодибо пред две години дојде во редовите на Барселона како еден од најталентирните светски стопери. Барса го намами со само 20 години во моментите кога за него интерес пројавуваа неколку големи европски фудбалски клубови.
Во каталонскиот клуб не успеа да се наметне, па почна со позајмиците. Најпрво во Шалке, па во Бенфика, а потоа во Ница каде е стандарден првотимец.
Французинот одлично се вклопи во тимот од Азурниот Брег и со неговите последни изјави стави до знаење дека нема намера да се враќа во Барса.
„Воопшто не ме интересира што се случува во Барселона. Повремено ќе погледам некој меч ако играат моите француски пријатели Дембеле, Ленгле и Умтити, но Барса како клуб не го следам. Моментно сум играч на Ница и потполно сум фокусиран на случувањата во Франција. Зошто би сонувал за одбраната на Барселона кога викендов играм против Рен или Ним“ – изјави Тодибо на последната прес-конференција на својот клуб.
Новинарите го прашаа што мисли – дали Барса може да се врати по оние 4-1 на ПСЖ на „Ноу Камп“ по првиот меч во ЛШ?
„Искрено, ич не ми е гајле. Можеби да, можеби не, тоа не е мој проблем. Тоа е мојот став“ – смета дефанзивецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аврамовски го држи Кајсериспор во елитата – денеска со две асистенции
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Даниел Аврамовски (26) е еден од најзаслужните за денешниот бод што турскиот тим на Кајсериспор го освои на домашен терен против екипата на Генчербирлиги – мечот заврши 2-2.
Аврамовски асистираше при двата погодока за својата екипа, во 39 минута одлично додаде до Педро Енрике за 1-0, а во 80 минута запиша нова асистенција до соиграчот Парлак за конечни 2-2.
Неговата екипа на 6 кола до крајот е на со +2 бода од екипите кои следната сезона ќе се натпреваруваат во понизок ранг.
Македонскиот играч од средниот ред сезонава има 19 настапи за турскиот тим, се уште без погодок.
Еве ја деталната статистика на Аврамовски по денешниот меч:
Графика: SofaScore за Топспорт.мк
Спорт
На Зидан му фали „пола“ тим, против Кадиз ќе биде и без Модриќ

Реал Мадрид утре му гостува на тимот на Кадиз во рамки на 31. коло од Ла лига. Тренерот на Кралскиот клуб, Зинедин Зидан не може да смета на добар дел од стандардните фудбалери, а сега на листата отсутни се најде и Лука Модриќ.
Серхио Рамос, Лукас Васкез, Тони Крос, Феде Валверде и Еден Азар не конкурираат за овој меч поради повреди или болест, а францускиот стратег против тимот од долниот дел од табелата реши да настапи и без Хрватот.
Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација почувствувал болка во грбот во текот на денешниот тренинг, јавуваат шпанските медиуми.
Добра вест за Реал е има повратници во тимот – се очекува настап на Рафаел Варан, Дани Карвахал, Начо Фернандес и Касемиро.
За овој меч Зизу повика и четворица фудбалери од Реал Мадрид Б – Виктор Чус, Серхио Арибас, Антонио Бланко и Мигел Гутиерес.
Спорт
Гвардиола: Лига без испаѓање не е спорт – зошто го нема Ајакс, имаат 4 титули!

Формирањето на фудбалската Суперлига го здрма фудбалскиот свет откако се открија детали за начинот на натпреварување, но и на финансирање.
Реакцијата на поголемиот дел од фудбалските навивачи беше бесна. Се очекуваше ставот на кормиларот на Манчестер Сити – Пеп Гвардиола затоа што „граѓаните“ се еден од основачите на Суперлигата.
Гвардиола признава дека лига без испаѓање не е спорт, но рече дека засега не е запознаен со деталите.
„Искрено, ние тренерите на овие екипи не сме вистинските луѓе кои треба да коментираме, затоа што само претседателот на тој комитет има јасна идеја за иднината на фудбалот. Јас можам да го дадам своето мислење. Не е спорт кога не постои однос помеѓу напорот и успехот. Не е спорт ако успехот е загарантиран и не е спорт ако не е битно дали победувате или губите. Би сакал претседателот на оваа група на целиот свет да му објасни зошто е ова направено. Не знам зошто се одбрани баш овие тимови, Ајакс има 4 титули шампион на Европа, каде се тиа“ – рече Гвардиола.
Шпанскиот тренер смета и дека „Не е фер еден тим да се бори да дојде до врвот и тогаш да не може да се пласира затоа што успехот им е загарантиран на неколку клубови“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?