Спорт
Тодоров со подмладен состав на дуелите со Естонија и моќната Русија
Александар Тодоров, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација го објави списокот од 15 кошаркари кои ќе се во комбинација за квалификациските средби за пласман на ЕП 2021.
Нашата кошаркарска селекција на 20 овој месец ја очекува дуел со селекцијата на Естонија, додека три дена подоцна ќе излезе на мегдан со моќната Русија.
Од 15-те кошаркари дури шестмина се интернационалци, петмина доаѓаат од МЗТ Скопје, а Марко Симоновски моментно е без клуб.
Првпат во селекцијата е и Филип Бакоч, крилниот центар од Еуро Никел, а деби се очекува да има и бекот на Работнички, Виктор Ефремовски.
Од утре репрезентативците започнуваат со подготовките за квалификациите, а првиот тренинг е во салата „Борис Трајковски“, каде Македонија ќе го одигра воведниот дуел против Естонија.
Ова е списокот на репрезентативци и клубовите во кои настапуваат:
Војдан Стојановски (Гравелин-Данкерк-Франција)
Шејн Витингтон (Реал Бетис – Шпанија)
Стојан Ѓуроски (Евре – Франција)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд – Шпанија)
Андреј Јакимовски (РМ Баскет Торино – Италија)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет – Италија)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Маслинко (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Филип Бакоч (Еуро Никел 2005)
Марко Симоновски (без клуб)
Фото: КФСМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

