Спорт
Томас Милер има нов трофеј во својата колекција

Кариерата на Томас Милер во Ванкувер Вајткепс доби нова димензија во ноќта помеѓу среда и четврток, а Милер го освои 35-от трофеј во својата кариера.
Ванкувер Вајткепс го победија својот градски ривал Ванкувер со 4:2 и го освоија Купот на Канада четврти пат по ред. За да биде сè уште поинтересно, двата тима од Ванкувер го одиграа својот прв дуел, со оглед на тоа што не се натпреваруваат во исти лиги. Вајткепс играат во МЛС, додека Ванкувер се натпреварува во канадската Премиер лига.
Милер забележа асистенција и постигна гол од пенал и со тоа придонесе за освојување на титулата. Ова беше 300-тиот гол на Милер во неговата кариера, но што е поважно, 35-тиот освоен трофеј. Всушност, Милер има и еден шампионски трофеј во младинското натпреварување со Баерн.
Ванкувер е вториот клуб со кој Милер освоил трофеј. Со Баерн освои 33, а со германската репрезентација беше светски шампион.
„Не играм фудбал само за да освојувам трофеи, сакам да бидам на теренот“, рече Томас Милер и дополни.
„Не сум најуспешниот германски фудбалер на сите времиња. Би рекол дека сум човекот со најмногу трофеи“.
Али Ахмед постигна два гола за победниците, а меѓу стрелците во финишот беше и Рајан Гулд, кој го одигра првиот натпревар по шестмесечна пауза поради повреда. Головите за Ванкувер ги постигнаа Тиерно Бах и Николас Мазкеида.
Новиот трофеј во Купот му донесе на Ванкувер директен пласман во Купот на шампионите на КОНКАКАФ. Минатата година, Вајткепс загубија во финалето од Круз Азул.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Се шири скандалот во НБА – Уапсен и тренерот на Порталнд Чонси Билапс

Тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс е еден од уапсените како дел од истрагата на ФБИ под сомнение за вмешаност во нелегални активности поврзани со спортско обложување, објавува ESPN. Билапс е уапсен речиси во исто време кога и кошаркарот на мајами Хит, Тери Розир.
Истражителите веруваат дека некои членови на лигата биле поврзани со организирана мрежа за обложување, но засега не е познато дали обвиненијата се директно поврзани со натпреварите во кои Билапс бил тренер.
ФБИ и Министерството за правда на САД најавија прес-конференција подоцна во текот на денот, каде што се очекува да откријат повеќе детали за случајот што ја тресе НБА.
Чонси Билапс (48) е еден од најпознатите плејмејкери на својата генерација и поранешен шампион на НБА со Детроит Пистонс, со кои ја освои титулата во 2004 година и беше прогласен за МВП на финалната серија.
За време на неговата кариера, тој играше на Бостон Селтикс, Денвер Нагетс, Њујорк Никс, Лос Анџелес Клиперс и Детроит, а е познат по прекарот „Mr. Big Shot“ поради неговата прецизност во одлучувачките моменти од натпреварите.
Ја започна својата тренерска кариера во 2021 година како главен тренер на Портланд, а претходно беше асистент во Клиперс една сезона.
Спорт
Спенсер Динвиди го одбра Баерн пред Олимпијакос

Познатиот американски кошаркар Спенсер Динвиди кариерата ќе ја продолжи во Евролигата. И покрај тоа што се поврзуваше со Олимпијакос, а грчките медиуми синоќа пишуваа дека трансферот е завршен, Динвиди реши да се пресели во Баерн Минхен.
Спенсер Динвиди со Баерн договорил соработка до крајот на сезоната, без мжност соработката да биде раскината доколку доби понуда од НБА лигата. Го одбрал Баерн бидејќи во минатото имал можност да се запознае со актуелниот тренер на Баварците, Гордно Херберт,
Баварците трансферот го потврдија на клупската веб-страницата.
Динвиди забележа солидни бројки минатата сезона во дресот на Далас Маверикс, а во предсезоната играше за Шарлот Хорнетс, но оваа франшиза не му понуд договор.
Во НБА, Динвиди играше за Детроит, Бруклин, Вашингтон, Далас и Лејкерси, а своите најдобри натпревари ги одигра во дресот на Нетси, особено истакнувајќи се во сезоната 2019-20, кога во просек постигнуваше над 20 поени по натпревар.
Спорт
ФБИ го упаси играчот на Мајами, Тери Розир

Новата НБА сезона, започнаа скандал, во центарот на вниманието е кошаркарот на Мајами Хит, Тери Розиер. Мајами сезоната ја почна со пораз во дербито на Флорида. Хит загубија во Орландо со 121.125.
Розир е уапсен од ФБИ како дел од истрагата за спортско обложување, објави Шамс Чаранија.
Розир е под истрага за можна вмешаност во нелегална шема за спортско обложување, а истрагата започна во јануари.
Сето тоа се случило, наводно, уште во 2023 година додека Розир играл за Шарлот Хорнетс.
Засега не се познати сите детали, но тоа ќе биде на прес-конференција закажана од Источниот округ на Њујорк и директорот на ФБИ, Кеш Пател, за 10 часот по локално време, кога ќе ги објави сите апсења во истрагата.
Засега се наведува дека Розир заедно со Дежонтеј Портер и „манипулирал“ со неговиот настап во НБА натпреварите, а биле забележани и големи плаќања.
Тери Розир е ветеран во НБА со 10 години искуство. Неговата најдобра сезона беше во 2022/2023, со просек од 21,1 поен, 4,1 скока и 5,1 асистенции во дресот на Шарлот Хорнетс.
Тој играше и за Бостон Селтикс, а моментално е член на Мајами Хит.