Спорт
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
Тони Надал, поранешниот тренер на Рафаел Надал, крена голема прашина со изјави за трката за најдобриот тенисер на сите времиња. Најчесто вујкото на Надал ги омаловажува успесите на Новак Ѓоковиќ.
Искусниот стручњак, кој ја прекина соработката со Надал во 2017 година, изјави дека Новак Ѓоковиќ постигнал се што имал, пред се затоа што за разлика од неговите ривали „не живее нормален живот“.
„Мислам дека Новак Ѓоковиќ беше мотивиран од желбата да напише приказна, да стане најдобар играч во историјата, додека Рафа, од друга страна, секогаш живеел сосема нормален живот. Рафа игра тенис, но живее нормално, јаде, игра фудбал и се занимава со други активности Се сеќавам на еден тренинг кога неговиот менаџер ни кажа дека Рафа не е професионален, а мојот одговор беше дека не ни сакам да биде, туку дека е доволно што дава се од себе кога е на теренот и дека во слободното време може да живее како и секој друг маж“, вели Тони.
Според него, Новак бил далеку повеќе фокусиран на деталите, поради што толку долго е во самиот врв на светскиот тенис.
„За разлика од Рафа, Новак е многу внимателен што јаде, како го поминува слободното време и има сосема поинаква визија од Рафа и Роџер. На крајот, сите тројца сакаа да бидат најдобри досега, а најважното нешто во тоа приказната беше колку се спремни да се жртвуваат“, заклучи искусниот тренер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Аталанта избори место во ЛШ
Аталанта следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо на тој начин им се приклучи на Интер, Милан, Јувентус и Болоња со оглед дека Италија ќе има пет претставници во елитата.
Аталанта во претпоследното коло победи во Лече со 2:0.
Гостите пропуштија можности преку Пашалиќ во шестата, Скамака во 27. кога ја погоди гредата, Запакоста во 39. минута …
Сепак, во вториот дел, тимот од Бергамо постигна два гола, поведе преку Де Кетеларе во 48. минута, а само пет минути подоцна Скамака го постави конечниот резултат.
На две кола пред крајот Аталанта има шест бода повеќе од шестопласираната Рома, но и подобар меѓусебен скор, па теоретски си го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека Лече е во сигурната зона.
Спорт
Шампионот загуби од Шкупи, Шкендија избори квалификации во КЛ, Вардар ќе игра бараж за опстанок
Фото/ fcstruga.com
Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија.
Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1.
Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута. изедначи на 1-1.
Шкендија во Скопје го победи Работнички со 2:0. Стрелци беа Красниќи во 34. минута и Аганспахиќ во 72. минута. Со овој триумф Шкендија се избори за место во квалификациите за Конференциската лига.
Од лигата испаднаа Брегалница и Македонија ЃП, а бараж за опстанок ќе игра Вардар.
Резултати, 33. коло:
Струга Трим Лум – Шкупи 1-2
Работнички – Шкендија 0-2
Вардар – Тиквеш 2-2
АП Брера – Македонија ЃП 5-3
Брегалница – Силекс 1-1
Воска спорт – Гостивар 1-1
Табела:
Спорт
(Видео) Марко Ројс со гол се прости од „Вестфален“
Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс постигна гол на својот последен натпревар за „милионерите“ во Бундеслигата.
Тимот од „Вестфален“, го пречека тимот од Дармштад кој одамна испадна од Бундес лигата и славеше со 4:0.
Ројс не можеше да има подобро збогување од навивачите. го постигна вториот гол во 18.минута.
Марко Ројс својот последен меч за Борусија Дортмунд ќе го одигра на „Вембли“, кога „милионерите“ во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат со Реал Мадрид.
MARCO REUS https://t.co/v1V07JgTsH pic.twitter.com/tuK5kmytzp
— MUFTI MESSI🇰🇲 (@FahadPulga) May 18, 2024