Спорт
Топката со кој беше постигнат голот со „божјата рака“ на Марадона на аукција за 2,5 милиона фунти

Топката „божјата рака“, со која Диего Марадона ги постигна своите два најславни гола во кариерата, ќе биде поставена на аукција во Велика Бритнија на 16 ноември и се очекува да биде продадена за сума од 2,5 до 3 милиони фунти.
Се работи за фудбалската топка од четврт-финалето на мундијалот во Мексико во 1986 година во кој Аргентина со 2:1 ја совлада Англија со двата гола на Марадона – еден неверојатен слалом низ одбраната на Англичаните и поконтроверзниот момент кога Марадона со рака го совлада голманот Питер Шилтон. По мечот, Марадона изјави дека голот е постигнат „малку со главата на Марадона и малку со ‘божјата рака’“.
Топката е во сопственост на судијата од Тунис, Али бин Насер, кој беше главен судија на мечот.
„Оваа топка е дел од интернационалната фудбалска историја и мислам дека е вистинско време да ја споделам со светот. За првиот гол на Марадона, не можев да видам добро, но на крајот на мечот англискиот селектор Боби Робсон ми кажа дека добро ја завршив работата, но дека линискиот судија згреши“, вели Бин Насер.
Оваа година дресот што го носеше Марадона тој ден беше продаден за 9,3 милиони долари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос ја освои титулата во Грција

Кошаркарите на Олимпијакос го победија Панатинаикос во финалето на грчката лига и ја освоија шампионската титула.
Невидени тензии владееја во Грција за време на финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос, буквално беше борба на „живот и смрт“.
Дури и сопствениците на двата тима беа вмешани во сè, а Владата на Грција речиси ја прекина финалната серија, што никогаш не се случило во историјата на грчкиот спорт.
Олимпијакос го победи Панатинаикос со 85:71 во салата „Мир и пријателството“ и ја освои шампионската титула.
Ова беше четвртиот натпревар во финалната серија, а Олимпијакос победи со 3-1, завршувајќи го најдраматичното финале во грчката историја со шампионска прослава.
Шакил Мекисик беше најефикасен со 20 поени, додека Тајлер Дорси имаше 17, Еван Фурние го заврши натпреварот со 13 поени, 6 скока и 4 асистенции, Алек Питерс имаше 11, а исто така и Никола Милутинов со 10 скока, додека Саша Везенков имаше само 2 поени, кој го повреди глуждот и беше изнесен од теренот.
Во редовите на Панатинаикос, Кендрик Нан постигна 18 поени, додека Костас Слукас постигна 11 со 2 скока и 7 асистенции, Грант додаде 10, а Хуанчо Ернангомез имаше 9 со 9 скока.
Спорт
(Видео) Мората трагичар, Португалија ја освои Лигата на нации

Португалската фудбалска репрезентација ја освои Лигата на нации за оваа година по подоброто изведување на пенали во финалето против Шпанија.
Ова е втор пат Португалците да го освојат ова натпреварување, тие беа победници на првото, а сега станаа првата репрезентација што го освоила купот двапати.
Натпреварот во регуларниот дел и по дополнителните 30 минути заврши 2:2, а Португалците пенал серијата ја добија со 5:3.
Шпанците два пати имаа предност, со головите на играчите на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди и Микел Ојарзабал, Португалците се враќаа во натпреварот преку Нуно Мендеш и Кристијано Роналдо.
Трагичар во пенал серијата беше Алваро Мората, чии удар во четвртата серија го одбрани Диого Кошта.
За најдобар играч на завршниот турнир е прогласен левиот бек на Португалија, кој на 31.мај со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, Нуно Мендеш.
Спорт
Спектакл во Париз – Алкараз се врати од 0:2 спаси три меч топки и го победи Синер

Шпанецот Карлос Алкарас, во спектакуларно финале, едно од најдобрите во историјата на тенисот, успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос. Алкараз, против првиот светски рекет, Јаник Синер, се врати по негативата од два сета, во четвртиот спаси три меч топки и славше победа 4:6, 6:7, 6:4, 7:6, 7:6.
Епското финале на стадионот „Филип Шатрие“ траеше пет часа и 31 минута. Пресвртна точка во мечот беше 10.гем во четвртиот сет. Синер, кој претходни ги доби првите два сета, па Алкараз намали на 2.1, имаше три меч топки, но Алкараз волшебно се извлече, нарави брејк, а потоа во тај-брејкот изедначи на 2:2.
Во решавачкиот сет, се случи брејк на Алкараз на стартот, потоа Шпанецот во 10.гем сервираше за победа, но Синер се врати избори супер тај-брејк, во кој беше прегазен од Шпанецот со 1:0.
Алкараз и Синер прв пат играа еден против друг во Гренд слем финале. Мечот во Париз беше 12, Алкараз сега води со 8:4. Шпанецот ги доби последните пет дуели.