Спорт
Топспорт во Палермо…Македонските фудбалери подготвени за чудо, Италија не е непобедлива

Топспорт во Палермо,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го има најголемкиот предизвик по Европското првенство. Ќе го предизвика европскиот првак Италија во Палермо во обид да направи сензација, на патот за пласман на Светско првенство.
„Горди сме што дојдовме и до овде, ова е голем успех за Македонија. Се наоѓаме во европскиот крем, верувам дека можеме да го направиме и овој последен исчекор. Свесни сме дека за противник го имаме европскиот првак Италија, тие ќе ја имаат поддршката и од публиката овде во Палермо, но јас верувам во квалитетите на нашите момци“, вели селекторот Благоја Милевски.
Да се победи Италија на гости е мало чудо, но Езгјан Алиоски дека во фудбалот се е можно. Како поттик секако македонските фудбалери го имаат чудото од Дуисбург, кога ја победија Германија во квалификациите со 1:2.
„Респект за Италија, тие се европски прваци и една од најсилните селекции на континентот. Одиграа одлично на ЕВРО 2020, но не значи и дека се непобедливи. Мора да бидеме мудри, да одиграме дисциплинирано, тактички речиси соврѓено и во таков случак, можеме да се надеваме на успех“, истакнува Алиоски.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија се игра вечерва, со почеток во 20.45 часот, на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо. Италијанците ќе ја имаат поддршката од публиката, но и Македонија ќе ја бодрат околу 2.000 наши фанови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти: Бејл направи многу за Реал, треба да добие чесно збогување

Карло Анчелоти се надева дека Герет Бејл ќе добие „вистинско“ збогување од навивачите поради работите кои ги направил за Реал Мадрид пред последниот меч на „Сантијаго Бернабеу“ в петок против Реал Бетис.
Велшанецот пристигна во Шпанија како најскап фудбалер на светот во 2013 година од Тотенхем, и со нив освои три титули од Ла лига и четири од Лигата на шампионите, но последните сезони се мачеше со физичката поготвеност, беше пратен на позајмица во Тотенхем во 2020/21 и честопати беше пречекуван со свирежи од навивачите.
„Не е важно дали ќе игра, важно е тоа што Бејл е дел од историјата на овој клуб. Тој секогаш ќе остане во сеќавањата на навивачите на Реал Мадрид. Напиша дел од големите поглавја на клубот и тоа мора да се признае“, вели Анчелоти.
Спорт
Британците со драстични казни за користење кокаин на трибините

Британската влада објави дека фудбалските навивачи што ќе користат или ќе продаваат дроги од А-класа (како кокаин) околу фудблските стадиони ќе добијат петгодишна забрана за влегување на стадион во обид да не се повторат сцените од минатогодишното Европско првенство.
„Навиката да водат војни на нашите улици и да ги зголемуваат мизеријата и криминалот во Британија мора да престане. Затоа ги зголемуваме напорите за оние што ќе го прекршат законот да ги сносат последиците бидејќи користењето нелегални дроги никогаш не е криминал без жртви“, изјави британскиот премиер, Борис Џонсон.
Мерките доаѓаат по зголемувањето на бројот на инциденти на фудбалските натпревари, особено на Евро 2020, каде што повеќе фанови беа снимани како земаат кокаин. Статистиката на британската полиција покажува дека во однос на сезоната 2019/2020 има дури 36 отсто повеќе случаи на нереди на фудбалските натпревари.
Спорт
Откриени подобрувањата на Мерцедес – ќе има ли голем скок во перформансите?

Ф1-новинарите на „Скај спортс“ ги објавија првите фотографии од промените на болидот на Мерцедес пред шпанското ГП во Барселона, со кои се надеваат дека ќе имаат голем скок во перформансите по лошиот почеток на сезоната.
Мерцедес последните осум сезони ги освојуваа титулите кај конструкторите со својот доминантен болид за оваа сезона да падне зад Ферари и Ред бул по што шефот на тимот, Тото Волф, призна дека со подобрувањата во Шпанија ќе знаат дали да продолжат да го тераат уникатниот дизајн, без странични крила, или да го сменат концептот.
Мерцедес имаше еден ден тестирање на патеката Пол Рикар во Франција во средата, односно термин за снимање реклами, во кој смееја да возат само 100 километри или 17-ина круга. Зад воланот беше Џорџ Расел.
Фотографиите од Барсеона покажуваат мали крилца под болидот кон предното крило, дизајн што Ферари и Ред бул го користат од почетокот на сезоната и со кој треба да се подобри протокот на воздухот во предниот дел на болидот. Исто така, има и мали промени на подот, една од слабостите на Мерцедес оваа сезона. Дали ова ќе донесе до пообрувања останува да се види.